Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

123 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (54)
„Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во градите и не сакаш да го дознаат луѓето.“
Автентичен Првиот хадис го бележи Муслим, а вториот хадис го бележат Ахмед и Дарими
„Кој, на еден верник, ќе му олесни неволја од неволјите на овој свет, Аллах ќе му олесни неволја од неволјите на Судниот ден. Кој ќе му помогне на оној што се наоѓа во тешка положба, Аллах ќе му помогне и на дуњалукот и на Ахиретот. Кој ќе го покрие муслиманот, Аллах ќе го покрие и на дуњалукот и на Ахиретот. Аллах му е на помош на својот роб сè додека тој му е на помош на својот брат. Кој ќе тргне по патот на барањето знаење, Аллах ќе му го олесни патот кон Џенетот. И нема да се соберат луѓе во некоја од Аллаховите куќи – читајќи ја Аллаховата Книга и изучувајќи ја меѓу себе – а врз нив да не се спушти смиреност, да не бидат обземени со милост, да не ги опкружат мелеците и Аллах да не ги спомне меѓу оние што се кај Него. А оној кого делата ќе го забават – неговото потекло нема да го забрза.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Придржувајте се кон искреноста, бидејќи искреноста води кон добродетелството, а добродетелството води кон Џенетот. Човекот кој постојано е приврзан кон искреноста и се труди да биде искрен ќе биде запишан кај Аллах од искрените. И чувајте се од лагата, бидејќи лажењето води кон грев, а гревот води кон Огнот. Човекот кој постојано лаже и се стреми кон лагата ќе биде запишан кај Аллах како лажливец.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Добриот сон е од Аллах, а кошмарот е од шејтанот. Ако некој од вас сонува нешто што го плаши, нека плукне (лесно, со воздух и малку плунка) на левата страна трипати и нека побара прибежиште кај Аллах од неговото зло, и тој сон нема да му наштети.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Не е силен, тој кој е појак во борењето, силен е тој кој се контролира себеси во лутина.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Алаховиот Пратеник, алејхи селам, еднаш помина покрај два гроба и рече: ,Овие двајца се казнуваат, но не за нешто големо. Едниот се казнува затоа што не се заштитил при уринирање, а другиот се казнува затоа што пренесуваше туѓи зборови.‘ Потоа зеде свежа палмова гранка, ја преполови и ја забоде во двата гроба по една половина. Асахабите го прашаа: ,О, Аллахов пратенику, зошто го направи тоа?‘ Тој одговори: ,Додека да се исушат ќе им се намали казнувањето.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе каже: ,Субханаллахи ве би хамдихи‘, во еден ден, стопати, ќе му се избришат гревовите, дури и да се колку што ја има морската пена.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Не е дозволено муслиманката да патува патување во должина (колку се поминува за) една ноќ, освен со махрем.“
Автентичен Муттефекун алејхи