Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

82 од 841 картички

Исчисти филтри
„Додека еден човек одел по патот, здогледал гранка со трње, па ја тргнал – и Аллах му се заблагодарил за тоа и му простил.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога некој од вас зема абдест, треба да стави вода во носот, а потоа да ја исфрли, а тој што се чисти по физиолошка потреба нека го направи тоа со непарен број на миење. Кога некој од вас ќе се разбуди, треба да ги измие рацете пред да земе абдест, бидејќи никој од вас не знае каде му биле рацете за време на спиењето.“ Според преданието на Муслим, се вели: „Кога некој од вас ќе се разбуди, пред да ги стави рацете во садот со вода, претходно треба да ги измие рацете трипати, бидејќи никој од вас не знае каде му биле рацете додека спиел.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, не бил непристоен и не говорел непримерно,ј велел: ,Најдобрите од вас се оние со најубав карактер.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Еден ден поминат на стража на Аллаховиот пат е подобар од целиот свет и сè што се наоѓа на него. А местото во Џенетот колку еден камшик е подобро од целиот свет и сè што има на него. И утринското или вечерното излегување на Аллаховиот пат е подобро од целиот свет и сè што има на него.“
Автентичен Муттефекун алејхи
дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесувајќи од својот Господар рекол: „Кога робот ќе направи грев и ќе рече: ,Аллаху мој, прости ми го мојот грев.', Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите', потоа пак ќе направи грев и ќе каже: ,Господару, прости ми го гревот', а Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите', потоа пак ќе направи грев и ќе каже: ,Господару, прости ми го гревот', а Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите, прави што сакаш, Јас ти ги простив гревовите.'"
Автентичен Муттефекун алејхи
раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, секоја ноќ кога ќе легнел во постела, ги собирал дланките, дувал во нив и рецитирал: (Кажи: „Тој е Аллах, Еден е!"), (Кажи: „Барам заштита кај Господарот на мугрите.") и (Кажи: „Барам заштита кај Господарот на луѓето"). Потоа, поминуваше со дланките преку телото колку што можеше, почнувајќи од главата и лицето и продолжувајќи со остатокот од телото. Ова го правеше трипати.
Автентичен Го бележи Бухари
„Избегнувајте ги седумте гревови кои предизвикуваат пропаст.“ Прашале: „Кои се тие, о, Божји пратенику?“ Тој одговорил: „Многубоштвото (ширкот), магијата (сихрот), неправедното убиство, каматата, бесправното користење на имотот на сиракот, дезертирањето од бојното поле и клеветењето на чесните и чедните вернички.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“
Автентичен Муттефекун алејхи