Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

1 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесувач

Еден човек влезе во џамијата во петок, од вратата што беше спроти куќата на судството, а Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стоеше и држеше хутба. Човекот се сврте кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стоејќи, и рече: „О, Божји пратенику, пропаднаа имотите и патиштата се прекинаа, па моли Го Аллах да ни испрати дожд.“ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги крена рацете и рече: „О, Аллах, испрати ни дожд! О, Аллах, испрати ни дожд! О, Аллах, испрати ни дожд!“ Енес рече: „Се колнам во Аллах, не видовме на небото ниту облак ниту малечко парче облак, и меѓу нас и планината Салʿ немаше ни куќа ни живеалиште. Тогаш се појави зад неа облак како штит; кога стигна на средината на небото се рашири, па заврна дожд. Се колнам во Аллах, не го видовме сонцето шест дена. Потоа, еден човек влезе од истата врата во петок, додека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стоеше и држеше хутба, и му рече стоејќи: „О, Божји пратенику, пропаднаа имотите и патиштата се прекинаа, па моли Го Аллах да го запре дождот од нас.“ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги крена рацете и рече: „О, Аллах, околу нас, а не врз нас. О, Аллах, по ридовите и високите предели, низ долините и местата каде растат дрвјата.“ Па веднаш престана дождот, и излеговме одејќи под сонцето. Шерик рече: „Го прашав Енес бин Малик: ,Дали тоа беше истиот човек од првиот пат?’ Тој рече: Не знам.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи