Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

2 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Потполнетего прво предниот саф, потоа оној по него. А ако има недостаток, нека биде во последниот саф (ред).“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Несаи
Еден ден Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни беше предводник на сабахскиот намаз, па праша: „,Дали е присутен тој и тој?‘ Тие одговорија: ,Не.‘ Потоа праша: ,А дали е присутен тој и тој?‘ Одговорија: ,Не.‘ Тогаш рече: ,Овие два намаза (сабах и јација) се најтешки за мунафиците. А кога би знаеле колкава е нивната награда, би доѓале на нив дури и лазејќи на колена. Првиот саф е како сафовите на мелеците, и ако навистина ја знаевте неговата вредност, ќе се натпреварувавте кој прв ќе го заземе. Намазот што човекот го клања со уште еден е подобар од неговиот намаз кога клања сам, а неговиот намаз со двајца е подобар од оној со еден. Колку повеќе луѓе, толку е подраго кај Аллах.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Несаи и Ахмед