Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

12 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

,Читајте го Куранот, зашто на Судниот ден тој ќе дојде како застапник за тие што го читале. Читајте ги двете светлини – Ел Бекаре и Али Имран – бидејќи на Судниот ден ќе дојдат како два облака, или две сенки, или две групи птици со раширени крилја, застапувајќи се за оние што ги читале. Читајте ја сурaта Ел-Бекаре, затоа што нејзиното изучување носи благослов, а нејзиното напуштање е загуба, а маѓепсниците не можат да ѝ се спротивстават.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој ќе ги рецитира последните два ајета од сурата Ел Бекаре во текот на ноќта, тие ќе му бидат доволни.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Објавени ми се – или ми беа – ајети какви што никогаш дотогаш не биле објавени – двете заштитни сури.“
Автентичен Го бележи Муслим
Еден човек слушнал друг како постојано ја рецитира сурата: „Кажи: Тој е Аллах, Еден е!“ Кога се разденило, отишол кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и му го спомнал тоа, мислејќи дека е малку. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа – таа сура вреди колку третина од Куранот!“
Автентичен Го бележи Бухари