Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

2 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Првото со што започна објавата кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беа вистинитите соништа – тој не би сонувал нешто, а да не се оствари јасно, како зората. Потоа му стана мило осамувањето, па се повлекуваше во пештерата Хира и таму по неколку ноќи по ред се посветуваше на ибадетот, пред да се врати кај своето семејство. Се снабдуваше со храна за тие денови, па се враќаше кај Хатиџа и повторно земаше храна за ново повлекување, сè додека му дојде вистината – додека беше во пештерата Хира. Му се појави мелекот (Џибрил) и му рече: „Читај!“ Тој одговори: „Не знам да читам.“ Мелекот го зграби и силно го стегна, сè додека не го изнемошти, потоа го пушти и повторно рече: „Читај!“ Тој повторно рече: „Не знам да читам.“ Мелекот повторно го зграби и го стегна по вторпат, сè додека не го изнемошти, па го пушти и повторно рече: „Читај!“ Тој повторно одговори: „Не знам да читам.“ Потоа по третпат го зграби и силно го стегна, па го пушти и рече: „Читај во името на Господарот твој Кој создава, го создава човекот од грутка крв! Читај, зашто Најблагороден е Господарот твој." (Сура Ел-Алак, 1–3) Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се врати од таму, а срцето му трепереше. Влезе кај Хатиџа бинт Хувејлид, Аллах нека е задоволен со неа, и рече: „Покријте ме! Покријте ме!“ Па го покрија сè додека не го напушти стравот. Потоа ѝ раскажа на Хатиџа што се случило и рече: „Навистина се исплашив за себе.“ А Хатиџа му рече: „Никако! Се колнам во Аллах, Аллах никогаш нема да те понижи – ти ги поврзуваш роднините, се грижиш за немоќните, ѝ помагаш на сиромашната рака, гостопримлив си кон гостите и им помагаш на оние што се во неволја.“ Потоа Хатиџа го одведе кај Верака бин Невфел бин Есед бин Абдулуза – нејзиниот братучед. Тој бил човек кој го прифатил христијанството во времето на незнабоштвото и знаел да пишува со еврејско писмо, па запишувал од Евангелието колку што Аллах сакал. Беше стар и слеп човек. Хатиџа му рече: „О, сине на мојот чичко, слушни го синот на брат ти.“ Верака рече: „О, сине на братот мој, што виде?“ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му раскажа што се случило. А Верака рече: „Тоа е истиот Намус (мелек) што Аллах го испрати кај Муса. Ех, да сум млад во тие денови! Да сум жив кога народот твој ќе те протера!“ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Зарем тие ќе ме протераат?“ А Верака рече: „Да! Никој досега не донел нешто како тоа што ти го донесе, а да не бил нападнат. Ако го дочекам тој ден, ќе ти помогнам со силна поддршка.“ Потоа Верака наскоро почина, а објавата се прекина за извесен период.
Автентичен Муттефекун алејхи
„Додека одев, слушнав глас од небото, па го подигнав својот поглед и го видов истиот мелек што ми дојде кај Хира – седеше на престол меѓу небото и Земјата. Се исплашив од него и се вратив, велејќи: ,Покријте ме, покријте ме!ʻ Тогаш Возвишениот Аллах објави: ,О, ти покриен! Стани и опоменувај!‘ (ел-Мудесир: 1–2), сè до Неговите зборови: ,И стој настрана од идолите!‘ (ел-Мудесир: 5). Така објавата почна повторно и продолжи да доаѓа постојано.“
Автентичен Муттефекун алејхи