Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

5 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

,Кој ќе ви дојде, додека сте обединети под еден човек, и сака да ја разедини вашата заедница или да внесе раздор меѓу вас – убијте го.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Ќе дојдат фитни (искушенија и нереди). Потоа ќе настапи фитна во која оној што седи е подобар од оној што оди, а оној што оди е подобар од оној што трча кон неа. Кога ќе се појави или ќе избие, оној што има камили – нека оди кај нив, оној што има овци – нека оди кај нив, а оној што има земја – нека се повлече на својата земја.“ Еден човек праша: „О Аллахов пратенику, а што да направи оној што нема ниту камили, ниту овци, ниту земја?“ Одговори: „Нека го земе својот меч, нека удри по острицата со камен (за да ја скрши), и нека се обиде да се спаси – ако може да се спаси. О Аллах, пренесов ли? О Аллах, пренесов ли? О Аллах, пренесов ли?“ Потоа друг човек праша: „О Аллахов пратенику, а што ако бидам присилен и ме одведат до една од двете страни (војски), па некој ме удри со меч или ме погоди стрела и ме убие?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Тој ќе го сноси и својот и твојот грев, и ќе биде од жителите на Огнот.“
Автентичен Го бележи Муслим
„,Со вас ќе управуваат владетели кај кои ќе видите дека прават добро и лошо. Оној што ќе го потврди она што е добро ќе се спаси од казната како и оној што ќе го негира лошото, но проблемот е во оној што се задоволува со лошото и кој го следи владетелот.‘ Асхабите прашаа: ,Дали да се бориме против нив?‘ ,Не, сè додека клањаат намаз.‘, одговорил Пратеникот.“
Автентичен Го бележи Муслим
Му дадовме заклетва на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека ќе бидеме послушни и ќе му се покоруваме во тешкотии и при леснотии, во расположение и во работи кои не ни се по волја, како и во случаи кога другите се привилегирани над нас (па ќе биде ускратено нашето право), и дека нема да се бориме да ја одземеме власта од нејзините носители, и дека ќе ја зборуваме вистината каде и да се наоѓаме, без да се плашиме, на Аллаховиот пат, од ничиј прекор.
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе излезе од покорноста и ќе ја напушти заедницата, па умре, тој умрел со незнабошка/џахилиетска смрт. Кој ќе се бори под знамето на слепиот фанатизам, се лути заради племенскиот фанатизам, или повикува на племенски фанатизам, или го поддржува племенскиот фанатизам, па ќе биде убиен – неговата смрт е џахилиетска смрт. Кој ќе се крене против мојот умет, удирајќи по праведните и грешните, без да се воздржи од верник, и не исполнувајќи го својот завет кон оној со кого има договор, тој не е од мене и јас не сум од него.“
Автентичен Го бележи Муслим