Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

12 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Го прашав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за ненадејниот поглед (кон нешто забрането), па ми нареди веднаш да го свртам погледот настрана.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Гледајте кон оние што се под вас, а не кон оние што се над вас – тоа ќе ве заштити од потценување на благодатите што Аллах ви ги дал.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Седуммина ќе бидат под Аллаховата сенка на Денот кога нема да има друга сенка освен Неговата: праведниот владетел, младичот кој пораснал во ибадет на Аллах, човекот чие срце е приврзано за џамиите, двајца кои се сакаат во името на Аллах – се сретнале поради Него и се разделиле поради Него, човекот кого го повикала жена со углед и убавина, а тој ѝ рекол: ‚Јас се плашам од Аллах‘, човекот кој дал садака тајно – така што левата рака не знае што дала десната, и човекот кој го спомнал Аллах кога бил сам – па му потекле солзи.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Халалот е јасен и харамот е јасен, а помеѓу нив се сомнителните работи кои не им се јасни на повеќето луѓе, па кој се оддалечи од тие сомнителни работи, тој ја сочувал својата вера и чест, а кој ќе навлезе во сомнителните работи ќе навлезе во забранетото, исто како пастирот кој го чува своето стадо блиску до забрането место, стадото лесно може да влезе во него. Секој Владател има забранети територии, а таа на Аллах се харамот. Навистина во телото има еден орган, ако е тој здрав и телото ќе биде здраво, а ако тој не е здрав и телото ќе биде расипано, а тоа е срцето."
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим