Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

15 од 841 картички

Исчисти филтри
„Што имам јас со дуњалукот?! Јас сум на овој свет како патник што накратко се засолнил под сенка од дрво, а потоа го оставил и продолжил понатаму.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Често спомнувајте го она што ги прекинува задоволствата“ – односно смртта.
Добар Го бележат Тирмизи, Несаи и Ибн Маџе
„Знајте дека дуњалукот е проколнат – и проколнато е сè што се наоѓа во него, освен спомнувањето на Аллах, она што Тој го сака, и учениот или ученикот.“
Добар Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Навистина има луѓе кои го злоупотребуваат јавниот имот, за таквите е подготвен Џехенемот на Судниот ден."
Автентичен Го бележи Бухари
„Дуњалукот (овој свет) е сладок и зелен. Возвишениот Аллах те создаде на него за да види како ќе работиш. Затоа, чувај се од овој свет и чувај се од жените, навистина првото искушение на синовите Израилови дојде од жените."
Автентичен Го бележи Муслим
„Дуњалукот е затвор за верникот, а Џенет за неверникот.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Постелата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“ А кај Муслим се пренесува: „Перницата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на која се потпираше, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“
Автентичен Муттефекун алејхи