Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

12 од 841 картички

Исчисти филтри
Еден ден Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, седна на минберот, а ние седнавме околу него. Тогаш рече: „,Една од работите за кои стравувам за вас по мојата смрт е она што ќе ви се отвори од раскошот и украсите на овој свет.‘ Тогаш еден човек праша: ,О, Божји пратенику, зарем доброто носи зло?‘ Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, замолкна, па некои му рекоа (на човекот): ,Што ти е? Му зборуваш на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а тој не ти одговара?‘ Тогаш забележавме дека му доаѓа објава. Откако ја избриша потта од лицето, рече: ,Каде е тој што праша?‘ Откако донесе благодарност на Аллах, рече: ,Навистина, доброто не носи зло. Но, од она што го изникнува пролетта, некои растенија ја убиваат стоката или ја доведуваат до пропаст, освен тие што јадат од зелените растенија, сè додека стомакот не им се наполни. Потоа, кога ќе се свртат кон Сонцето, вршат измет и мократ, а потоа продолжуваат да пасат. И навистина, овој имот е привлечен и сладок. Добар е за муслиманот ако од него дава на сиромашниот, сирачето и патникот.‘ – Или како што кажал веровесникот, салаллаху алејхи ве селем: ,А оној што го зема бесправно, ќе биде како оној што јаде, а не се наситува, и тој ќе му биде сведоштво против него на Судниот ден.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Срцето на човекот, дури и кога ќе остари, останува младо во две нешта: во љубовта кон дуњалукот и во долгорочната надеж.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Кога синот Адемов (човекот) би имал две долини полни со имот, би посакал и трета. Ништо не може да ја наполни внатрешноста на човекот освен земјата (гробот). А Аллах го прима покајанието на оној што се кае.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Зарем денес немате храна и пијалак колку што ќе посакате? Го сретнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во состојба кога тој немаше можност да се најаде дури ни со неквалитетни урми."
Автентичен Го бележи Муслим
„О, Аллах, нема вистински живот освен Ахиретскиот живот. Па прости им на енсариите и мухаџирите.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Го замолив Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и тој ми даде. Потоа повторно го замолив, и пак ми даде. Потоа ми рече: ,О, Хаким, овој имот е зелен и сладок. Кој го земе (она што му следува) со задоволство и без покажување алчност, ќе има бериќет во него. А кој го земе со ненаситност, нема да има бериќет и ќе биде како оној што јаде, но не се заситува. Горната рака е подобра од долната.‘ Јас реков: ,О, Божји пратеник, се колнам во Оној Кој те испрати со вистината, после тебе никогаш нема да побарам ништо од никого, сè додека сум жив.‘ После тоа, Ебу Бекр, Аллах нека е задоволен со него, го повикуваше Хаким за да му даде дел од имотот, но тој одбиваше да земе. Исто така и Омер, Аллах нека е задоволен со него, го повика за да му даде, но и од него одбиваше. Тогаш Омер им рече на муслиманите: ,Јас му го нудам неговиот дел што Аллах му го определил од воениот плен, а тој одбива да го земе.‘ И Хаким, Аллах нека му се смилува, не побара ништо од никого по Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, сè до неговата смрт.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Спасен е оној што го прифатил исламот, има доволно (ризк) за живот и Аллах му подарил да биде задоволен со она што му го дал.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Што имам јас со дуњалукот?! Јас сум на овој свет како патник што накратко се засолнил под сенка од дрво, а потоа го оставил и продолжил понатаму.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе