Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

1 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Еден ден Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, седна на минберот, а ние седнавме околу него. Тогаш рече: „,Една од работите за кои стравувам за вас по мојата смрт е она што ќе ви се отвори од раскошот и украсите на овој свет.‘ Тогаш еден човек праша: ,О, Божји пратенику, зарем доброто носи зло?‘ Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, замолкна, па некои му рекоа (на човекот): ,Што ти е? Му зборуваш на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а тој не ти одговара?‘ Тогаш забележавме дека му доаѓа објава. Откако ја избриша потта од лицето, рече: ,Каде е тој што праша?‘ Откако донесе благодарност на Аллах, рече: ,Навистина, доброто не носи зло. Но, од она што го изникнува пролетта, некои растенија ја убиваат стоката или ја доведуваат до пропаст, освен тие што јадат од зелените растенија, сè додека стомакот не им се наполни. Потоа, кога ќе се свртат кон Сонцето, вршат измет и мократ, а потоа продолжуваат да пасат. И навистина, овој имот е привлечен и сладок. Добар е за муслиманот ако од него дава на сиромашниот, сирачето и патникот.‘ – Или како што кажал веровесникот, салаллаху алејхи ве селем: ,А оној што го зема бесправно, ќе биде како оној што јаде, а не се наситува, и тој ќе му биде сведоштво против него на Судниот ден.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи