Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

14 од 841 картички

Исчисти филтри
„Избегнувајте ги седумте гревови кои предизвикуваат пропаст.“ Прашале: „Кои се тие, о, Божји пратенику?“ Тој одговорил: „Многубоштвото (ширкот), магијата (сихрот), неправедното убиство, каматата, бесправното користење на имотот на сиракот, дезертирањето од бојното поле и клеветењето на чесните и чедните вернички.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Примерот на добриот пријател и лошиот пријател е како примерот на оној што носи миск и оној што дува во ковачка мешина. Продавачот на мискот или ќе ти го подари, можеби ќе го купиш од него, или барем ќе почувствуваш пријатен мирис од него. А оној што дува во ковачка мешина или ќе ти ја изгори облеката, или ќе почувствуваш непријатна миризба од него.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Ќе им биде простено на сите мои следбеници, освен оние кои јавно ќе го разгласат (гревот). Јавно разгласување на гревови е кога некој ќе направи нешто во текот на ноќта, а наутро, откако Аллах ќе му го сокрие тоа, ќе повика некого и ќе му рече: ,Синоќа направив тоа и тоа.‘, тој заспал со грев сокриен од својот Господар, а се разбудил споделувајќи го она што Аллах го сокрил од другите.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе се фрли од планина и со тоа ќе се убие – ќе паѓа во џехенемскиот Оган, вечно престојувајќи во него. Кој ќе испие отров и така ќе се убие – во Џехенемот ќе го држи отровот во раката и постојано ќе го пие, останувајќи во него засекогаш. А кој ќе се убие со железо (нож или друг остар предмет) – со истото железо ќе се боде себеси во стомакот, вечно престојувајќи во Џехенемот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
,Дали сакате да ве известам за најголемите гревови?‘ – го повтори ова трипати. Тие (асхабите) рекоа: ,Секако, о Аллахов Пратенику.‘ Рече: ,Да сметаме некого рамен на Аллах (ширк) и непочитувањето на родителите.‘ Потоа седна, а пред тоа беше потпрен, и додаде: ,И лажниот говор.‘ Продолжи да го повторува ова толку многу пати што рековме: Би сакале да престане.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Големи гревови се: придружување на друг на Аллах (ширк), непослушност кон родителите, бесправното убиство и лажната заклетва (кривоклетство).“
Автентичен Го бележи Бухари