Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

4 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Еден човек дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го праша: ,О, Божји пратенику, што да направам ако некој се обиде да ми го земе имотот?‘ Тој одговори: ,Не му го давај.‘ Човекот праша: ,А ако се обиде да ме нападне?‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Спротивстави му се.‘ Човекот праша: ,А ако ме убие?‘ Тој рече: ,Тогаш ти си шехид.‘ Човекот повторно праша: ,А ако јас го убијам него?‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Тој е во Пеколот.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Избегнувајте ги седумте гревови кои предизвикуваат пропаст.“ Прашале: „Кои се тие, о, Божји пратенику?“ Тој одговорил: „Многубоштвото (ширкот), магијата (сихрот), неправедното убиство, каматата, бесправното користење на имотот на сиракот, дезертирањето од бојното поле и клеветењето на чесните и чедните вернички.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Ќе им биде простено на сите мои следбеници, освен оние кои јавно ќе го разгласат (гревот). Јавно разгласување на гревови е кога некој ќе направи нешто во текот на ноќта, а наутро, откако Аллах ќе му го сокрие тоа, ќе повика некого и ќе му рече: ,Синоќа направив тоа и тоа.‘, тој заспал со грев сокриен од својот Господар, а се разбудил споделувајќи го она што Аллах го сокрил од другите.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе се фрли од планина и со тоа ќе се убие – ќе паѓа во џехенемскиот Оган, вечно престојувајќи во него. Кој ќе испие отров и така ќе се убие – во Џехенемот ќе го држи отровот во раката и постојано ќе го пие, останувајќи во него засекогаш. А кој ќе се убие со железо (нож или друг остар предмет) – со истото железо ќе се боде себеси во стомакот, вечно престојувајќи во Џехенемот.“
Автентичен Муттефекун алејхи