Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

4 од 841 картички

Исчисти филтри
„Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во градите и не сакаш да го дознаат луѓето.“
Автентичен Првиот хадис го бележи Муслим, а вториот хадис го бележат Ахмед и Дарими
„Го видов Амар бин Јасир како влезе во џамија и клањаше намаз – но го скрати. Кога излезе, му пријдов и му реков: ,О, Ебу Јакзан, го скрати намазот!‘ Тој одговори: ,Дали забележа дека нешто изоставив од неговите прописи?‘ Реков: ,Не.‘ Тој рече: ,Тогаш, само брзав за да го одбијам заборавот кој доаѓа од шејтанот. Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: Навистина, човекот клања намаз, но од него му се запишува само десетина, деветина, осмина, седмина, шестина, петина, четвртина, третина или половина.‘“
Добар Го бележи Ахмед
„Аллах даде пример за правиот пат. Од двете страни на патот има ѕидови со отворени врати, прекриени со завеси. На почетокот на патот стои повикувач кој вели: ,Луѓе, влезете на правиот пат и не скршнувајте.' Друг повикувач, кој се наоѓа над патот, кога некој сака да ја отвори некоја врата, го предупредува: ,Внимавај, не ја отворај оваа врата! Ако ја отвориш, ќе влезеш внатре.' Патот е исламот, ѕидовите се Аллаховите граници, а отворените врати се Аллаховите забрани. Повикувачот на почетокот на патот е Божјата книга, а повикувачот над патот е Аллаховиот советник во срцето на секој муслиман.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, често изговарал: ,О, Ти што ги превртуваш срцата, зацврсти го моето срце во Твојата вера!‘ Па го прашав: ,О, Божји пратенику, ние веруваме во тебе и во она со што дојде. Па зарем се плашиш за нас?‘ Тој одговори: ,Да, бидејќи срцата се меѓу два прста од Аллаховите прсти, и Тој ги превртува како што сака.‘“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед