Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

18 од 841 картички

Исчисти филтри
„Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од немоќ, мрзеливост, кукавичлак, скржавост, старечка изнемоштеност и од казната во гробот. Аллаху мој, подари ѝ на мојата душа богобојазливост и очисти ја; Ти си најдобриот што ја чисти, Ти си нејзин Заштитник и Покровител. Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од знаење што не користи, од срце што не е исполнето со стравопочит, од душа што не се наситува и од дова што не се прима.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, често изговарал: ,О, Ти што ги превртуваш срцата, зацврсти го моето срце во Твојата вера!‘ Па го прашав: ,О, Божји пратенику, ние веруваме во тебе и во она со што дојде. Па зарем се плашиш за нас?‘ Тој одговори: ,Да, бидејќи срцата се меѓу два прста од Аллаховите прсти, и Тој ги превртува како што сака.‘“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Аллахумме инни е'узу бике мин галебетид-дејни, ве галебетил-'адувви, ве шематетил-е'адаи. (О Аллаху, барам засолниште кај Тебе да не бидам совладан од долгови, да не бидам совладан од непријателот и непријателите да не ликуваат за тоа).“
Автентичен Го бележат Несаи и Ахмед
„Кажи: О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата дарежливост од сите освен од Тебе.“
Добар Го бележи Тирмизи
„Реков: ,О, Аллахов пратенику, научи ме на нешто што ќе го барам од Возвишениот Аллах.‘ Тој рече: ,Барај од Аллах благосостојба.‘ По неколку дена повторно дојдов и реков: ,О, Аллахов пратенику, научи ме на нешто што ќе го барам од Аллах.‘ Тој ми рече: ,О, Абас, чичко на Аллаховиот пратеник! Барај од Аллах благосостојба на дуњалукот и Ахиретот.‘“
Автентичен поради другу преданија што го поткрепуваат Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Господару мој, прости ми ги моите грешки и моето незнаење, моите претерувања во сите мои работи, и она што Ти го знаеш подобро од мене, прости ми ги гревовите, кои ги направив намерно, во незнаење или шегувајќи се, а сето тоа го има кај мене. Аллаху мој, прости ми ги поранешните гревови и оние кои ќе ги направам подоцна, оние што ги направив јавно и оние кои ги направив тајно. Ти приближуваш и Ти оддалечуваш, Ти си Семоќниот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Еден бедуин дошол кај Аллаховиот пратеник и му рекол: ,Поучи ме на нешто што ќе го кажам.“ Пратеникот му рекол: ,Кажи: Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, Аллаху екберу кебира, вел-хамду лиллахи кесира, субханаллахи рабил-'алемин, ла хавле ве ла куввете илла биллахил-'азизил-хаким.‘ Бедуинот рече: ,Тие се за мојот Господар, што е за мене?‘ Кажи: ,Аллахуммег-фирли верхамни вехдини верзукни.‘, му одговорил Пратеникот.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кажи: ,О Аллаху, упати ме и дај ми исправност‘, и замисли го твоето упатство како упатство на патот а исправноста со правото движење на стрелата кон целта.“
Автентичен Го бележи Муслим