Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

5 од 841 картички

Исчисти филтри
„Една дождлива и темна ноќ излеговме да го бараме Пратеникот, алејхи селам, да клања со нас, па кога го стигнав тој ми рече: ,Кажи.‘, а јас не кажав ништо, повторно ми рече: ,Кажи.‘, а јас пак не кажав ништо, тој повторно рече: ,Кажи.‘, па реков: ,Што да кажам?‘, а тој рече: ,Кажи ги ,Кул хуваллаху ехад‘ и двете заштитнички сури (Фелек и Нас) трипати навечер и наутро, тоа ќе те заштити од сè.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, и Несаи
Кој ќе каже трипати: ,Во името на Аллах, со чие име ништо не може да му наштети (на човек), на Земјата или на небото, а Тој сè Слуша, и сè знае“ трипати, нема да го снајде ненадејна несреќа до утрото. А кој ќе го каже ова трипати наутро, нема да го снајде ненадејна несреќа до вечерта. Тој рече: Тогаш Ибан ибн Осман беше погоден со парализа. Човекот што го слушнал хадисот од него почнал да го гледа, па му рекол: „Зошто ме гледаш?“ „Се колнам во Аллах, јас не лажам за Осман, ниту пак Осман лажеше за Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Но, на денот кога се случи тоа што ми се случи, бев лут и заборавив да го кажам тоа.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“, Ибн Маџе и Ахмед
Најдобраната помеѓу довите за барањето прошка за гревовите е да кажеме: „Аллахумме Енте Рабби, ла илахе илла Енте, халактени, ве ене ‘абдуке, ве ене ‘ала ‘ахдике ве ва’дике местета’ту, е’узу бике мин шерри ма сана’ту, ебу’у леке би ни’метике 'алејје, ве ебу’у леке би зенби, фагфир ли фе иннеху ла јагфируз-зунубе илла Енте.“ (Аллаху Ти си мој Господар, нема друг Бог освен Тебе, Ме создаде и јас сум Твој роб и колку што можам ќе се трудам да го извршам мојот завет кон Тебе, заштити ме од лошото што го направив, ги признавам Твоите благодати кон мене и ги потврдувам моите гревови. Прости ми, затоа што единствено Ти простуваш гревови). Ако ова го изговори наутро, убеден дека е вистина, па умре тој ден, ќе влезе во Џенетот, а ако тоа го изговори навечер, убеден дека е вистина, па умре таа ноќ, ќе влезе во Џенетот.“
Автентичен Го бележи Бухари
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, едно утро – по клањање на сабахскиот намаз – излегол од нејзиниот дом, а таа сè уште седеше на местото каде што обично клањаше. Подоцна, кога веќе изгреа Сонцето и дел од денот помина, се врати кај неа – а таа уште беше на истото место. Па ѝ рече: „Сè уште си на истото место на кое те оставив?“ Таа одговори: „Да.“ Тогаш тој рече: „Јас, по тебе, изговорив четири зборови – по трипати – кои, ако се споредат со сè што го кажа од утринава, тие ќе натежнат: ,Славен и фален нека е Аллах – онолку колку што е бројот на Неговите созданија, и онолку колку што е Неговото задоволство, и колку што е тежината на Неговиот Арш, и колку што е количината на мастилото со кое се испишуваат Неговите зборови.‘“ (Субханаллахи ве бихамдихи, адеде халкихи, ве рида нефсихи, ве зинете Аршихи, ве мидаде келиматихи)
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој ќе ги рецитира последните два ајета од сурата Ел Бекаре во текот на ноќта, тие ќе му бидат доволни.“
Автентичен Муттефекун алејхи