Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

50 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (35)
„Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
„Наредено ми е да се борам против луѓето сè додека не посведочат дека нема друго божество освен Аллах и дека Мухамед е Аллаховиот пратеник, сè додека извршуваат намаз и даваат зекат. Ако направат вака, тогаш им се безбедни и животите и имотите, освен ако направиле престап против прописите на исламот, а за останатото ќе бидат одговорни пред Аллах.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Она што ви го забранив – одбегнувајте го. А она што ви го наредив – извршувајте го колку што можете. Навистина, оние пред вас беа уништени поради нивните бројни прашувања и поради нивното спротивставување на нивните веровесници.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
„Бој се од Аллах каде и да се наоѓаш; по лошото дело направи добро – тоа ќе го избрише; и со луѓето однесувај се убаво.“
Тирмизи рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележи Тирмизи
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува од Возвишениот Аллах дека рекол:„О робови Мои, Јас Самиот Себеси си ја забранив неправдата, и ја забранив меѓу вас, затоа не бидете неправедни меѓусебно. О робови Мои, сите сте во заблуда освен тие кои ги упатив, затоа барајте од Мене упатство, па ќе ве упатам. О робови Мои, сите сте гладни, освен оној кого Јас ќе го нахранам, затоа побарајте од Мене да ве нахранам, и Јас ќе ве нахранам. О робови Мои, сите сте необлечени, освен оној што Јас го облекувам, затоа побарајте од Мене да ве облечам, и Јас ќе ве облечам. О робови Мои, вие грешите и дење и ноќе, а Јас сум Тој кој ги простува сите гревови, затоа барајте од Мене да ви простам, и Јас ќе ви простам. О робови Мои, никогаш не можете да смислите нешто што ќе Ми нанесе штета, а потоа да Ми ја направите, ниту пак можеш да смислите нешто што ќе Ми донесе корист, па да Ми ја направите. О робови Мои, кога сите луѓе и џини, од првиот до последниот, би биле богобојазливи како најбогобојазливиот меѓу вас, тоа воопшто не би ја зголемило Мојата власт. О робови Мои, кога сите луѓе и џини, од првиот до последниот, би биле грешници како најрасипаниот меѓу вас, тоа нема да ја намали Мојата власт! О робови Мои, ако сите луѓе и џини, од првиот до последниот, се соберат на едно место и од Мене бараат сè што ќе посакат, а потоа на секој од нив да му го дадам она што го побарал, тоа нема да го намали она што го поседувам. Ни толку колку што игла натопена во морето би ја намалила водата! О робови Мои, вашите дела се најбитни, сѐ е сочувано кај Мене и Јас ќе наградам според направеното. Затоа, кој ќе најде добро и награда, нека Му се заблагодари на Аллах, а кој ќе најде казна и зло, да не обвинува никого освен себеси.
Автентичен Го бележи Муслим
„Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Никој од вас нема да има вистински иман сè додека неговите страсти не се покорат на она со што сум пратен.“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е автентичен.“ Го пренесовме во книгата „Ел-Хуџџе“ со автентичен синџир на пренесување
„За секој зглоб од телото на човекот следува садака, со секој нов ден што го носи изгревот на Сонцето. Да се пресуди правично меѓу двајца е садака. Да му помогнеш на човекот со неговото животно, да го качиш на него или да му го подигнеш товарот – исто така е садака. Добриот збор е садака. Секој чекор што го правиш на патот кон намазот е садака. И да отстраниш пречка од патот е садака.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим