Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

2 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесен во

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (35)
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува од Возвишениот Аллах дека рекол:„О робови Мои, Јас Самиот Себеси си ја забранив неправдата, и ја забранив меѓу вас, затоа не бидете неправедни меѓусебно. О робови Мои, сите сте во заблуда освен тие кои ги упатив, затоа барајте од Мене упатство, па ќе ве упатам. О робови Мои, сите сте гладни, освен оној кого Јас ќе го нахранам, затоа побарајте од Мене да ве нахранам, и Јас ќе ве нахранам. О робови Мои, сите сте необлечени, освен оној што Јас го облекувам, затоа побарајте од Мене да ве облечам, и Јас ќе ве облечам. О робови Мои, вие грешите и дење и ноќе, а Јас сум Тој кој ги простува сите гревови, затоа барајте од Мене да ви простам, и Јас ќе ви простам. О робови Мои, никогаш не можете да смислите нешто што ќе Ми нанесе штета, а потоа да Ми ја направите, ниту пак можеш да смислите нешто што ќе Ми донесе корист, па да Ми ја направите. О робови Мои, кога сите луѓе и џини, од првиот до последниот, би биле богобојазливи како најбогобојазливиот меѓу вас, тоа воопшто не би ја зголемило Мојата власт. О робови Мои, кога сите луѓе и џини, од првиот до последниот, би биле грешници како најрасипаниот меѓу вас, тоа нема да ја намали Мојата власт! О робови Мои, ако сите луѓе и џини, од првиот до последниот, се соберат на едно место и од Мене бараат сè што ќе посакат, а потоа на секој од нив да му го дадам она што го побарал, тоа нема да го намали она што го поседувам. Ни толку колку што игла натопена во морето би ја намалила водата! О робови Мои, вашите дела се најбитни, сѐ е сочувано кај Мене и Јас ќе наградам според направеното. Затоа, кој ќе најде добро и награда, нека Му се заблагодари на Аллах, а кој ќе најде казна и зло, да не обвинува никого освен себеси.
Автентичен Го бележи Муслим
Некои од асхабите му рекоа на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „О Аллахов пратенику, богатите нè надминаа во наградите – и тие клањаат како што и ние клањаме, и постат како што и ние постиме, а покрај тоа даваат и од вишокот на своето богатство како садака!“ Тој им рече: „Зарем Аллах не ви дал нешто со што и вие можете да давате садака? Секое изговарање на субханаллах е садака, секое изговарање на Аллаху екбер е садака, секое изговарање на елхамдулиллах е садака, секое изговарање на ла илахе иллаллах е садака, и секое наредување на доброто е садака, и секое спречување на злото е садака, па дури и интимниот однос е садака.“ Тие рекоа: „О Аллахов пратенику, зарем некој од нас, кога ќе ја задоволи својата страст, ќе има награда за тоа?!“ Тој рече: „Што мислите – ако ја задоволи на забранет начин, зарем не би сносел грев за тоа? Така, кога тој ќе ја задоволи на дозволен начин – ќе има награда.“
Автентичен Го бележи Муслим