Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

42 од 841 картички

Исчисти филтри
„Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и Земјата. Намазот е светлина, милосрдието (садаката) е доказ, трпението е сјај, а Куранот е доказ за тебе или против тебе. Секој човек поранува и тргува со својата душа, па или ќе ја ослободи или ќе ја уништи.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Најлош сад кој го наполнил синот Адемов е неговиот стомак, доволни се неколку залаци за да го држат исправен грбот, а ако неизбежно мора да јаде, тогаш нека биде една третина за храната, втората за тоа што го пие а третата за воздух.“
Автентичен Го бележат имамот Ахмед, Тирмизи, Несаи и Ибн Маџе
„Остави го она во што се сомневаш за она во што не се сомневаш.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Несаи
„Од времето на поранешните веровесници на луѓето им останале зборовите: ,Ако не ти е срам, прави што сакаш.‘“
Автентичен Го бележи Бухари
,Ме праша за голема работа, но лесно му е на оној кому Аллах му олеснува: обожувај го Аллах и не Му придружувај ништо, клањај го намазот, давај зекат, пости го месецот рамазан и изврши го аџилакот.‘ Потоа рече: ,Сакаш ли да те упатам на вратите на доброто: Постот е штит, милосрдието ги брише гревовите како што водата го гаси огнот и човековиот намаз во длабочината на ноќта‘. Потоа го рецитираше ајетот: ,Боковите нивни од постела се креваат...' до крај на ајетот: ,скриени радости ги очекуваат‘, потоа рече: ,Сакаш ли да те информирам за главата, столбот и врвот на сето ова?‘ Реков: ,Сакам, о Аллахов пратенику.‘ Тој рече: ,Главата на ова е исламот, столбот е намазот, а врвот е борбата на Аллаховиот пат.‘ Потоа рече: ,Сакаш ли да те известам за она со што ќе го сочуваш сето ова?‘ Реков: ,Сакам, о Аллахов пратенику.‘ Го фати јазикот со раката и рече: ,Контролирај го ова!‘, ,О Аллахов Пратенику, дали ќе бидеме прашани за тоа што го зборуваме?‘, прашав. Тој рече: ,Тешко на мајка ти за тебе, зарем мислиш дека луѓето ќе бидат фрлени во Џехенемот со лицето или главите, поради нешто друго а не поради она што го кажуваше јазикот?‘“
Автентичен Го бележи Тирмизи
„Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека зборува добро, или нека молчи. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почитува својот сосед. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почести својот гостин.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Некој човек му рекол на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: Советувај ме, па тој му рекол:„Немој да се лутиш." Човекот неколкупати го повторил прашањето а Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, секогаш му одговараше со: „Немој да се лутиш."
Автентичен Го бележи Бухари
„Не е дозволена крвта на муслиманот, освен во три случаи: оженет кој извршил блуд, човек кој убил друг човек, и оној што ја напуштил својата вера и се издвоил од заедницата.“
Автентичен Муттефекун алејхи