Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

31 од 841 картички

Исчисти филтри
„Аллах ги одредил добрите и лошите дела, потоа ги појаснил, тој што ќе посака да направи добро дело, но не го направи, Аллах ќе го запише кај Себе како да го направил, а кој пак одлучи да направи добрина и тоа го направи, Аллах ќе му запише од десет до седумстотини пати повеќе севапи, додека тој што ќе посака да направи лошо дело, но нема да го направи, Аллах ќе му запише за тоа како потполна добрина, но доколку намери да направи грев и го направи, Аллах ќе му запише само еден грев."
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим во своите Сахихи со оваа формулација
„Навистина делата се вреднуваат според намерите, и навистина секој човек ќе го добие она што го имал како намера. Па, кој ќе направи хиџрет заради Аллах и Неговиот пратеник, неговиот хиџрет е за Аллах и Пратеникот; а кој ќе направи хиџрет заради материјална/овосветска добивка, или заради жена да ја ожени, неговиот хиџрет е за она за што го направил.“
Автентичен Го бележат двајцата имами на хадиската наука: Ебу Абдулах Мухамед ибн Исмаил ибн Ибрахим ибн ел-Мугира ибн Бердизбех ел-Бухари и Ебу ел-Хусејн Муслим ибн ел-Хаџаџ ибн Муслим ел-Кушејри ен-Нисабури, во своите „Сахихи“, кои се најверодостојните составени хадиски збирки
„Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
„Наредено ми е да се борам против луѓето сè додека не посведочат дека нема друго божество освен Аллах и дека Мухамед е Аллаховиот пратеник, сè додека извршуваат намаз и даваат зекат. Ако направат вака, тогаш им се безбедни и животите и имотите, освен ако направиле престап против прописите на исламот, а за останатото ќе бидат одговорни пред Аллах.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Она што ви го забранив – одбегнувајте го. А она што ви го наредив – извршувајте го колку што можете. Навистина, оние пред вас беа уништени поради нивните бројни прашувања и поради нивното спротивставување на нивните веровесници.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесува од Возвишениот Аллах дека рекол:„О робови Мои, Јас Самиот Себеси си ја забранив неправдата, и ја забранив меѓу вас, затоа не бидете неправедни меѓусебно. О робови Мои, сите сте во заблуда освен тие кои ги упатив, затоа барајте од Мене упатство, па ќе ве упатам. О робови Мои, сите сте гладни, освен оној кого Јас ќе го нахранам, затоа побарајте од Мене да ве нахранам, и Јас ќе ве нахранам. О робови Мои, сите сте необлечени, освен оној што Јас го облекувам, затоа побарајте од Мене да ве облечам, и Јас ќе ве облечам. О робови Мои, вие грешите и дење и ноќе, а Јас сум Тој кој ги простува сите гревови, затоа барајте од Мене да ви простам, и Јас ќе ви простам. О робови Мои, никогаш не можете да смислите нешто што ќе Ми нанесе штета, а потоа да Ми ја направите, ниту пак можеш да смислите нешто што ќе Ми донесе корист, па да Ми ја направите. О робови Мои, кога сите луѓе и џини, од првиот до последниот, би биле богобојазливи како најбогобојазливиот меѓу вас, тоа воопшто не би ја зголемило Мојата власт. О робови Мои, кога сите луѓе и џини, од првиот до последниот, би биле грешници како најрасипаниот меѓу вас, тоа нема да ја намали Мојата власт! О робови Мои, ако сите луѓе и џини, од првиот до последниот, се соберат на едно место и од Мене бараат сè што ќе посакат, а потоа на секој од нив да му го дадам она што го побарал, тоа нема да го намали она што го поседувам. Ни толку колку што игла натопена во морето би ја намалила водата! О робови Мои, вашите дела се најбитни, сѐ е сочувано кај Мене и Јас ќе наградам според направеното. Затоа, кој ќе најде добро и награда, нека Му се заблагодари на Аллах, а кој ќе најде казна и зло, да не обвинува никого освен себеси.
Автентичен Го бележи Муслим
„Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„За секој зглоб од телото на човекот следува садака, со секој нов ден што го носи изгревот на Сонцето. Да се пресуди правично меѓу двајца е садака. Да му помогнеш на човекот со неговото животно, да го качиш на него или да му го подигнеш товарот – исто така е садака. Добриот збор е садака. Секој чекор што го правиш на патот кон намазот е садака. И да отстраниш пречка од патот е садака.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим