Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

11 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Кога спиете, шејтанот врзува три јазли на задниот дел од главата, врзувајќи го секој јазол кажува: ,Долга е ноќта, па спиј‘, ако се разбуди и Го спомне Аллах, ќе му се одврзе првиот јазол, а ако земе абдест, ќе му се одврзе вториот јазол, а ако клања, ќе му се одврзе третиот јазол и ќе биде активен, со позитивен дух, а ако не направи вака ќе стане нерасположен и мрзлив.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Шејтанот доаѓа кај некој од вас и прашува: ,Кој го создаде ова? Кој го создаде она?‘ Се додека не праша: ,Кој го создаде твојот Господар?‘ Кога ќе стигне до тоа, нека побара заштита од Аллах и нека престане да размислува за тоа.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и земјата. Намазот е светлина, милосрдието (садаката) е доказ, трпението е сјај, а Куранот е доказ за тебе или против тебе. Секој човек поранува и ја тргува со својата душа, па или ќе ја ослободи или ќе ја уништи.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој во текот на еден ден ќе каже: Ла илахе иллаллах, вахдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лехул-хамду, ве хуве ‘ала кулли шеј-ин кадир (Нема друг Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема содружник; Негова е власта и Нему му припаѓа благоданоста, и Тој е Семоќен) стопати, ќе ја добие наградата како да ослободил десет робови, ќе му бидат запишани сто добри дела, ќе му бидат избришани сто лоши дела, и тој ден тоа ќе му биде заштита од шејтанот сè до вечерта. Никој нема да направи дело подобро од тоа, освен оној што го направи ова повеќе пати.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и Земјата. Намазот е светлина, милосрдието (садаката) е доказ, трпението е сјај, а Куранот е доказ за тебе или против тебе. Секој човек поранува и тргува со својата душа, па или ќе ја ослободи или ќе ја уништи.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Примерот на оној што Го спомнува својот Господар и оној што не Го спомнува е како примерот на живиот и мртвиот.“ А во верзијата на Муслим стои: „Примерот на куќата во која се спомнува Аллах и куќата во која не се спомнува Аллах е како примерот на живиот и мртвиот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога некој ќе го спомене Аллах при влегувањето дома и додека јаде, шејтанот им вели на своите другари: ,Вечерва немате ниту сместување ниту вечера.‘, а ако влезе дома без да го спомне Аллах при влегувањето, шејтанот вели: ,Најдовте сместување.‘ А ако не го спомне Аллах пред јадење, шејтанот вели: „Најдовте сместување и вечера.'“
Автентичен Го бележи Муслим
„Зборовите за кои, ако човек ги изговори по секој задолжителен намаз, нема да биде во загуба: триесет и трипати ,Субханалах‘, триесет и трипати ,Елхамду лиллах‘ и триесет и трипати ,Аллаху екбер‘“.
Автентичен Го бележи Муслим