Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

14 од 841 картички

Исчисти филтри
„Кога Аллах го создаде Џенетот и Огнот, го испрати Џибрил, алејхи селам, до Џенетот и му рече: ,Погледни го и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, никој нема да слушне за него а да не влезе во него.’ Потоа Аллах го опкружи Џенетот со потешкотии и рече: ,Оди и погледни го повторно и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и виде дека е опкружен со потешкотии и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да влезе во него.’ Потоа Аллах рече: ,Оди и погледни го Огнот и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и виде дека се натрупува еден врз друг и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, никој нема да влезе во него.’ Потоа Аллах го опкружи Огнот со страсти и рече: ,Оди и погледни го повторно.’ Џибрил погледна и виде дека е опкружен со страсти и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да се спаси од него.’“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, и Несаи
Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Возвишениот Аллах рекол: О сине Адемов, сè додека Ми се обраќаш со дова и се надеваш во Мене, ќе ти простам, без разлика на твоите гревови, и тоа не Ми претставува тешкотија. О сине Адемов, доколку твоите гревови достигнат до небесата, а потоа побараш прошка од Мене, ќе ти простам, и тоа не Ми претставува тешкотија. О сине Адемов, ако дојдеш кај Мене со гревови колку што е Земјата, но не Ми припишуваш здруженици, ќе ти дојдам со исто толкава прошка."
Добар Го бележи Тирмизи
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога влегувал во џамија, изговарал: ,Барам заштита кај Аллах, Величествениот, со Неговото благородно лице и Неговата вечна власт, од проклетиот шејтан.‘ Праша: ,Толку?‘ Реков: ,Да.‘ И додаде: ,Кога ќе го изговори тоа, шејтанот вели: Заштитен е од мене целиот ден.‘“
Добар Го бележи Ебу Давуд
Дека еден човек дошол кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, разговарале за нешто, па потоа тој човек му рекол: „,(Ќе биде тоа) што Аллах го сака и што го сакаш ти.‘, па Пратеникот, алејхи селам, му рекол: ,Дали ме поистовети со Аллах? Кажи: Тоа што го сака Аллах Единиот.“
Синџирот на пренесувачи е добар رواه ابن ماجه والنسائي في الكبرى وأحمد
„Човекот е на верата на својот пријател, затоа, секој од вас, нека внимава со кого се дружи.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
„,Најмногу се плашам за вас од малиот ширк?‘. Присутните прашаа: ,А што е тоа мал ширк, о, Аллахов пратенику?‘ Тој одговори: ,Преправањето!, на Судниот ден, кога ќе им суди на луѓето според нивните дела, Возвишениот Аллах ќе им рече: Одете кај оние за кои се преправавте и видете дали ќе ви дадат некаква награда.‘“
Добар Го бележи Ахмед
„Аллах за мојот умет преминал (нема да ги земе на одговорност) преку грешката, заборавот и она на што биле присилени.“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележат Ибн Маџе, Бејхеки и други
„Не е наш тој што претскажува злокобност преку летот на птиците, или, пак, некој друг му претскажува, тој што гата и кому му се гата, и тој што прави маѓија и за кого се прави маѓија. Тој што ќе заврзе јазол и тој што ќе посети гатач и му поверува во тоа што го вели, го негирал она што му е објавено на Мухамед, алејхи селам.“
Добар Го бележи Безар