Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

140 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (60)
عبد الله بن عمرو3 ‌ابن عباس2 أبو موسى2 أبو الدرداء1 أبو الهياج الأسدي قال1 أبو بشير الأنصاري1 أبو طلحة1 أبو عبد الرحمن عبد الله بن عمر بن الخطاب1 أبو عبد الرحمن عبد الله بن مسعود1 أبو عبد الله جابر بن عبد الله الأنصاري1 أبو عمرو- وقيل1 أبو مرثد الغنوي1 أبو هريرة عبد الرحمن بن صخر1 ‌أبي هريرة1 أسماء بنت أبي بكر1 البراء1 البراء بن عازب1 المغيرة بن شعبة1 المقداد بن الأسود1 المقداد بن عمرو الكندي1 النعمان بن بشير1 أم الدرداء و أبي الدرداء1 أم المؤمنين أم عبد الله عائشة1 أم سلمة أم المؤمنين1 ‌أنس بن مالك1 جرير بن عبد الله1 جندب1 حارثة بن وهب الخزاعي1 حكيم بن حزام1 رسول الله صلى الله عليه وسلم أنه قال1 زيد بن خالد الجهني1 زينب بنت جحش1 سفيان بن عبد الله الثقفي1 صفوان بن محرز قال1 طارق بن أشيم الأشجعي1 طاوس أنه قال1 طلحة بن عبيد الله1 عائشة وعبد الله بن عباس1 عبادة1 عبد الرحمن بن سمرة1 ‌عبد الله بن عمرو بن العاص1 عبد الله بن مسعود قال1 عثمان بن أبي العاص1 عدي بن حاتم1 علي1 عمر1 عمران بن حصين1 ‌قتادة رحمه الله قال1 معاذ بن جبل1 معاوية1
Во една прилика Аллаховиот пратеник, алејхи селам, јавал а зад него, на истата јаваница бил и Муаз. Во едне момент тој му се обратил велејќи: „.О, Муаз бин Џебел!‘, Муаз одговорил: ,Ти се одѕивам, Аллахов пратенику, и те слушам!‘ Потоа повторно го повика: ,О, Муаз!‘, тој пак му одговори: ,Ти се одѕивам, Аллахов пратенику, и ти се покорувам.‘ Тоа се повтори и по трет пат, а Пратеникот му рече: ,Секоја личност која искрено од своето срце ќе посведочи дека не постои вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов Пратеник, а да не му биде забранет џехенемскиот огин.‘ Муаз го прашал: ,Аллахов Пратенику, дали да им го пренесам ова на луѓето, за да бидат среќни?‘ Пратеникот му рече: ,Ако тоа го направиш ќе се опуштат.‘ Сепак, при крајот на својот живот, Муаз сепак им го пренел на луѓето од страв да не направи грев (ако не пренесе говор на Аллаховиот пратеник).“
Автентичен Муттефекун алејхи
Некои луѓе го прашале Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, за гатачите, а тој им рекол: „,Тие не се ништо.‘, луѓето рекоа: ,Аллахов пратенику, понекогаш тие кажуваат нешто што е вистина.‘ Тој им одговори: ,Тој збор е вистината што џинот-шејтанот ја грабнува и му ја пренесува на гатачот, а кон тој збор додаваат повеќе од сто лаги.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Еден човек од Неџд, со разбушавена коса, дојде кај Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем. Слушавме како зборува, но не го разбиравме неговиот говор, сè додека не му се приближи на Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем. Тогаш тој праша за исламот, а Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем одговори: ,Петте намази во текот на денот и ноќта.‘ Човекот праша: ,Дали има нешто повеќе што е задолжително?‘ Тој одговори: ,Не, освен ако доброволно сакаш да клањаш повеќе.‘ Потоа рече: ,И постот во месецот рамазан.‘ Човекот повторно праша: ,Дали има нешто повеќе што е задолжително?‘ Тој одговори: ,Не, освен ако доброволно сакаш да постиш повеќе.‘ Потоа Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем му го спомена и зекатот. Човекот праша: ,Дали има нешто повеќе што е задолжително?‘ Тој одговори: ,Не, освен ако доброволно сакаш да даваш повеќе.‘ Човекот замина, велејќи: ,Се колнам во Аллах, нема да додадам ниту да одземам нешто од ова.‘ Тогаш Божјиот пратеник салаллаху алејхи ве селем рече: ,Ќе успее, ако е искрен.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Јас сум првак на луѓето на Судниот ден. Знаете ли зошто? Аллах ќе ги собере сите – и првите и последните – на едно рамно место. Повикот ќе го чујат сите, а погледот ќе ги опфати сите. Сонцето ќе се приближи, и луѓето ќе бидат погодени од толкава мака и тешкотија што нема да можат да ја издржат, ниту ќе имаат сила да ја поднесат. Ќе речат: ,Зарем не гледате до каде сме стигнати? Зар нема некој што ќе се застапи за нас пред нашиот Господар?‘ Ќе се повикуваат меѓусебно: ,Одете кај Адем!‘ Ќе отидат кај Адем, алејхи селам, и ќе речат: ,Ти си таткото на човештвото. Аллах те создаде со Својата рака, ти вдахна душа, им нареди на мелеците да ти се поклонат – застапи се за нас пред твојот Господар. Зарем не гледаш во каква состојба сме?!‘ Тој ќе одговори: ,Господарот денес се разгневил со гнев каков што никогаш претходно не го покажал, ниту ќе го покаже после тоа. Ми забрани да се доближам до дрвото, а сепак не послушав. Себеси! Себеси! Себеси! Одете кај друг – одете кај Нух!‘ Ќе отидат кај Нух, алејхи селам, и ќе речат: ,О, Нух! Ти си првиот пратеник испратен до луѓето, а Аллах те нарече благодарен роб. Застапи се за нас пред твојот Господар.‘ Тој ќе одговори: ,Господарот денес е разгневен со гнев каков што никогаш не покажал, ниту ќе покаже после тоа. Имав дова и ја упатив против мојот народ. Себеси! Себеси! Себеси! Одете кај Ибрахим!’ Ќе дојдат кај Ибрахим, алејхи селам, и ќе речат: ,О, Ибрахим! Ти си Аллаховиот веровесник и Неговиот миленик меѓу луѓето – застапи се за нас пред твојот Господар!‘ Ќе им рече: ,Господарот денес е разгневен како никогаш досега, ниту пак ќе биде поразгневен после тоа. Јас изреков три лаги. Себеси! Себеси! Себеси! Одете кај Муса!‘ Ќе одат кај Муса, алејхи селам, и ќе речат: ,О, Муса! Ти си Аллахов пратеник – Тој те одликуваше со Своето пратеништво и говор. Застапи се за нас пред твојот Господар!‘ Тој ќе рече: ,Господарот денес е разгневен со гнев што никогаш не го покажал, ниту ќе го покаже после тоа. Убив човек кој не ми беше наредено да го убијам. Себеси! Себеси! Себеси! Одете кај Иса, синот на Мерјем!‘ Ќе отидат кај Иса, алејхи селам, и ќе речат: ,О, Иса! Ти си Аллахов пратеник, создаден со Зборот Негов кој на Мерјем ѝ го достави, и живот ти даде. Зборуваше со луѓето додека беше дете во лулка – застапи се за нас пред твојот Господар!‘ А тој ќе рече: ,Господарот денес е разгневен како никогаш досега, ниту пак ќе биде поразгневен после тоа.‘ – и нема да спомне никаков грев – ,Себеси! Себеси! Себеси! Одете кај Мухамед!‘ Ќе дојдат кај мене и ќе речат: ,О, Мухамед! Ти си Аллахов пратеник и последниот од веровесниците. Аллах ти ги прости и претходните и идните гревови. Застапи се за нас пред твојот Господар!‘ Тогаш јас ќе тргнам, ќе дојдам под Аршот и ќе паднам на сеџда пред мојот Господар. Аллах ќе ми отвори пофалби и пофални изрази што никому пред мене не му ги дал. Потоа ќе ми се рече: ,О, Мухамед, подигни ја главата! Барај – ќе ти биде дадено! Застапи се – ќе биде прифатено!‘ Ќе ја подигнам главата и ќе речам: ,Господару мој, мојот умет! Господару мој, мојот умет! Господару мој, мојот умет!‘ Ќе ми се каже: ,О, Мухамед, воведи ги во Џенетот – низ десната врата – оние од твојот умет врз кои нема пресметка. А тие ќе бидат заедно со другите луѓе и во останатите врати на Џенетот.‘ А потоа тој, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Се колнам во Оној во чијашто рака е мојата душа, растојанието меѓу двете крила на една од џенетските порти е колку од Мека до Химјер – или колку од Мека до Бусра.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах е задоволен со вас во три нешта, и мрази три нешта: задоволен е за вас да го обожувате Него и да не Му припишувате ништо рамно Нему, и да се држите сите за Аллаховото јаже и да не се разединувате; а го мрази: празното рекла-кажала зборување, претераното поставување прашувања и расипништвото.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Не седете врз гробовите, и не клањајте кон нив.“
Автентичен Го бележи Муслим
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рекол на Ел-Ешеџ од племето Абдул-Кајс: „Кај тебе има две особини што Аллах ги сака: благост и воздржаност.“
Автентичен Го бележи Муслим
„,Ќе му го дадам ова знаме на човек кој ги сака Аллах и Неговиот Пратеник, и Аллах ќе му даде победа од неговите раце.‘ Омер бин Хатаб рече: ,Само на тој ден посакував да бидам предводник, се истакнав надевајќи дека ќе бидам повикан.‘ Потоа додаде: ,Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, го повика Али бин ебу Талиб, му го даде знамето и рече: Оди и немој да се свртуваш сè додека Аллах не ви даде победа‘. Кажа: Али отиде малку, а потоа застана без да се сврти, и извика: ,О, Аллахов Пратенику, за што да се борам со луѓето?‘ Тој одговори: ,Бори се со нив додека не сведочат дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов Пратеник. Ако го направат тоа, ќе им се поштеди нивниот живот и нивното богатство ќе биде сигурно, освен кога правото бара поинаку, а нивната пресметка е кај Аллах.‘”
Автентичен Го бележи Муслим