Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

101 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, ни раскажа дека еден човек го прашал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,О, Божји Пратенику, како неверникот ќе биде оживеен на Судниот ден на своето лице?’ Пратеникот одговорил: ‘Зарем Оној кој му овозможи да оди на двете нозе на земјата, не е во можност да го направи да оди на своето лице на Судниот ден?’ Катаде рече: ,Да, се колнам во величината и моќта на нашиот Господар.’”
Автентичен Муттефекун алејхи
„Алаховиот Пратеник, алејхи селам, еднаш помина покрај два гроба и рече: ,Овие двајца се казнуваат, но не за нешто големо. Едниот се казнува затоа што не се заштитил при уринирање, а другиот се казнува затоа што пренесуваше туѓи зборови.‘ Потоа зеде свежа палмова гранка, ја преполови и ја забоде во двата гроба по една половина. Асахабите го прашаа: ,О, Аллахов пратенику, зошто го направи тоа?‘ Тој одговори: ,Додека да се исушат ќе им се намали казнувањето.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Оставете ме и не прашувајте ме повеќе од она што сум ве известил, бидејќи оние пред вас беа уништени поради нивните многубројни прашања и спротивставувањето на нивните веровесници. Кога ќе ви забранам нешто, воздржете се од тоа, а кога ќе ви наредам нешто, извршете го според вашите можности.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рече на Муаз ибн Џебел кога го испрати во Јемен: „Одиш кај народ од ехли китаб (следбениците на книгата - евреи и христијани). Кога ќе стигнеш, повикај ги да посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник. Ако го прифатат тоа, извести ги дека Аллах им наредил пет задолжителни намази во текот на денот и ноќта. Ако го прифатат и тоа, извести ги дека Аллах им наредил садака (задолжителен зекат) која се зема од богатите и им се враќа на сиромашните. Ако го прифатат и тоа, не земај од нивните скапоцени имоти и чувај се од довата на угнетениот, бидејќи помеѓу него и Аллах, нема превез.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Прво за што ќе плагаат пресметка луѓето на Судниот ден е пролеаната крв (убиството).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нема да настапи Судниот ден сè додека човекот не помине покрај некој гроб и каже: ,Колку ќе бев среќен јас да бев на твоето место.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој, во нашата вера, ќе воведе нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
– Верникот ќе биде доближен на својот Господар на Судниот ден, ќе биде покриен од Неговиот превез, па Тој ќе го потсети на неговите гревови и ќе го праша: ,Ги препознаваш ли?‘ Тој ќе рече: ,Господару мој, ги препознавам.‘ Тогаш (Аллах) ќе му каже: ,Јас ти ги сокрив во дуњалучкиот живот, а денес ти ги простувам.‘ Потоа ќе му биде дадена неговата книга со добрите дела. А што се однесува до неверниците и лицемерите, тие ќе бидат повикани пред сите созданија: ,Овие се тие што изнесуваа лаги за Аллах.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи