Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

5 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Прво за што ќе плагаат пресметка луѓето на Судниот ден е пролеаната крв (убиството).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Го прашав Аллаховиот Пратеник, алејхи селам: ,Кој е најголемиот грев кај Аллах?‘ Тој одговори: ,На Аллах да му припишеш здруженик, а Тој те создал‘, реков: ,Навистина е голем грев.‘, и додадов: ,А кој е најголемиот грев после него?‘ Тој рече: ,Да го убиеш своето чедо, плашејќи се од сиромаштија.‘ Пак прашав: ,А по него?‘, а тој одговори: ,Да направиш блуд со жената на соседот.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
Аллаховиот пратеник, алејхи селам, искажа нешто, а и јас кажав. Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, кажа: „Кој ќе умре правејќи Му ширк на Аллах, ќе влезе во Џехенемот“, а јас додадов: „Кој ќе умре неправејќи му ширк на Аллах, ќе влезе во Џенетот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни раскажа, а тој е искрен и она што го зборува е вистина: ,Создавањето на човекот се одвива во утробата на неговата мајка четириесет дена и четириесет ноќи, потоа станува згрутчена крв толку долго, потоа станува залак месо толку долго. Потоа му се испраќа мелек, на кој му се наредува да запише четири работи: неговото снабдување - ризк, неговиот животен век, неговите дела и дали ќе биде од среќните или несреќните, а потоа му се вдахнува душата. Навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Џенетот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Џенетот, па го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Огнот, и ќе влезе во него. И навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Огнот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Огнот, па ќе го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Џенетот и ќе влезе во него.'“
Автентичен Муттефекун алејхи
Еден човек праша: „О, Аллахов Пратенику, дали ќе бидеме казнети за она што сме го правеле во времето на незнаењето (џахилиет)?“ Тој одговори: „Кој ќе биде добар во исламот, нема да биде казнет за она што го правел во времето на незнаењето. А кој ќе биде лош во исламот, ќе биде казнет и за првото и за последното.“
Автентичен Муттефекун алејхи