Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

101 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Четири особини го прават човекот лицемер во целост, а оној кој поседува една од нив има особина на лицемерство сè додека не ја напушти: кога нешто му се доверува – го изневерува, кога зборува – лаже, кога се обврзува – го прекршува договорот, и кога се расправа – ги преминува границите.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим
„Во последните времиња ќе се појави народ – млади по години, и недоволно разумни. Ќе изговараат убави зборови, слични на говорот на најдобрите луѓе, но ќе излегуваат од исламот како што стрелата излегува од пленот. Нивниот иман нема да им помине подолу од нивните грклани. Каде и да ги сретнете – убивајте ги, затоа што нивното убивање е награда за оној што ќе ги убие – на Судниот ден.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах е љубоморен, и верникот е љубоморен. Аллах е љубоморен кога верникот ќе направи нешто што му е забрането.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Ќе бидам покрај хаудот и ќе гледам кој од вас ќе дојде кај мене. Некои луѓе ќе бидат оддалечени од мене, па ќе прашам: Господару мој, тие се мои, од мојот умет. Ќе ми биде речено: Дали знаеш што направија по тебе? Се вратија назад и се откажаа од својата вера.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Шејтанот доаѓа кај некој од вас и прашува: ,Кој го создаде ова? Кој го создаде она?‘ Се додека не праша: ,Кој го создаде твојот Господар?‘ Кога ќе стигне до тоа, нека побара заштита од Аллах и нека престане да размислува за тоа.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„О, Билал, кажи ми за делото што најмногу ти влева надеж во исламот, затоа што го слушнав звукот на твоите чекори пред мене во Џенетот.“ Билал рекол: „Не сум направил дело што повеќе ми влева надеж, освен тоа што секогаш кога ќе земев абдест во кое било време – дење или ноќе – клањав со тој абдест онолку нафиле колку што ми беше одредено.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Му реков на Ата бин ебу Рабах: „Сакаш ли да ти покажам една жена од жителите на Џенетот?“ Тој рече: „Сакам.“ Ибн Абас рече: „Оваа црна жена. Таа дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: ,Ми се случуваат напади (паѓам во бесвест), и тогаш ми се открива телото. Замоли Го Аллах за мене.‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ѝ рече: ,Ако сакаш, биди трпелива, и ќе го добиеш Џенетот. А ако сакаш, ќе се помолам Аллах да те излекува.‘ Таа рече: ,Ќе бидам трпелива. Но, кога ќе имам напад, телото ми се открива – замоли Го Аллах да не се откривам.‘ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се помоли за неа.“
Автентичен Муттефекун алејхи
,Немојте да ме воздигнувате како што христијаните претерале во воздигнувањето на Иса синот Мејремин, алејхи селам. Навистина јас сум само роб па кажете: ,Аллахов роб и Негов пратеник.‘“
Автентичен Го бележи Бухари