Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

28 од 841 картички

Исчисти филтри
„Нема да влезе во Огнот ниту еден човек што учествувал во битката на Бедр или при договорот кај Худејбија.“
Автентичен Го бележи Ахмед, а основниот текст на хадисот се наоѓа во „Сахих Муслим“
„Бев со Пратеникот, алејхи селам, на патување. Додека патувавме, еден ден осамнав во негова близина, па му реков: ,Алахов Пратенику, извести ме за дело кое ќе ме одведе во Џенетот и ќе ме оддалечи од џехенемот.‘ Тој рече: ,Ме праша за голема работа, но лесно му е на оној кому Аллах му олеснува: обожувај го Аллах и не Му придружувај ништо, клањај го намазот, давај зекат, пости го рамазан и изврши го аџилакот.‘ Потоа рече: ,Сакаш ли да те упатам до вратата на доброто: Постот е штит, милосрдието ги брише гревовите како што водата го гаси огнот и човековиот намаз во длабочината на ноќта‘. Потоа го рецитираше ајетот: ,Боковите нивни од постела се креваат и тие на Господарот свој од страв и од желба Му се клањаат, а дел од тоа што Ние им го даваме го споделуваат. И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат‘, потоа рече: ,Дали сакате да ве информирам за главата, столбот и врвот на сето ова?‘ Реков: ,Сакаме, о Аллахов пратенику.‘ Тој рече: ,Главата на ова е исламот, столбот е намазот, а врвот е борбата на Аллаховиот пат.‘ Потоа рече: ,Дали сакате да ве известам за основата на сето ова?‘ Реков: ,Сакаме, о Аллахов пратенику.‘ Го фати јазикот со раката и рече: ,Контролирај го ова!‘, ,О Аллахов Пратенику, дали ќе бидеме прашани за тоа што го зборуваме?‘, прашав. Тој рече: ,Тешко на мајкати за тебе, о, Муаз, а дали луѓето ќе бидат фрлени во Џехенемот со лицето или главите, освен поради она што го кажуваше јазикот?‘“
Автентичен поради збирот на неговите синџири на пренесување Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“
Добар Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Оваа вера ќе се прошири дотаму до каде што достигнува ноќта и денот. Аллах нема да остави ниту една куќа во урбана средина, ниту пак во рурална или пустинска област, а да не ја внесе во неа оваа вера – почест за оние кои ќе ја прифатат и понижување за оние кои ќе ја одбијат. Чест преку која Аллах ќе го возвиши исламот и понижување преку кое Аллах ќе го понижи неверството.“ Темим ед-Дари често велел: „Го видов тоа во моето семејство. Оние од нив кои го прифатија исламот добија добро, почест и достоинство, а оние кои останаа неверници беа понижени, омаловажени и обврзани да плаќаат џизија.“
Автентичен Го бележи Ахмед