Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

3 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Кога некој од вас зема абдест, треба да стави вода во носот, а потоа да ја исфрли, а тој што се чисти по физиолошка потреба нека го направи тоа со непарен број на миење. Кога некој од вас ќе се разбуди, треба да ги измие рацете пред да земе абдест, бидејќи никој од вас не знае каде му биле рацете за време на спиењето.“ Според преданието на Муслим, се вели: „Кога некој од вас ќе се разбуди, пред да ги стави рацете во садот со вода, претходно треба да ги измие рацете трипати, бидејќи никој од вас не знае каде му биле рацете додека спиел.“
Автентичен Муттефекун алејхи
раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, секоја ноќ кога ќе легнел во постела, ги собирал дланките, дувал во нив и рецитирал: (Кажи: „Тој е Аллах, Еден е!"), (Кажи: „Барам заштита кај Господарот на мугрите.") и (Кажи: „Барам заштита кај Господарот на луѓето"). Потоа, поминуваше со дланките преку телото колку што можеше, почнувајќи од главата и лицето и продолжувајќи со остатокот од телото. Ова го правеше трипати.
Автентичен Го бележи Бухари
Кога Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, сакаше да заспие, ја ставаше раката под главата и велеше: „Аллаху мој, сочувај ме од Твојата казна на Денот кога ќе ги собереш или кога повторно ќе ги оживееш Своите робови.“
Автентичен Го бележи Тирмизи