Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

26 од 841 картички

Исчисти филтри
„,Дали знаете кој е вистинскиот муфлис (тој што банкротирал, губитник)?‘ Тие рекоа: ,Муфлис кај нас, о Божји Пратенику, е оној што нема дирхем ниту имот.‘ Тој рече: ,Вистинскиот муфлис од мојот умет е оној кој на Судниот ден ќе дојде со намаз, пост и зекат, но ќе дојде и со тоа што навредил некого, наклеветил друг, присвоил имот од третиот, ја пролеал крвта на четвртиот или го удрил петтиот. Тогаш, од неговите добри дела ќе им се даде на оние што ги оштетил. Ако неговите добри дела се потрошат пред да ги намири сите долгови, ќе се земат од нивните гревови и ќе му бидат додадени нему, а потоа ќе биде фрлен во Огнот.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
Му реков на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „За Сафија ти е доволно (тоа) што е таква и таква...“ – еден од пренесувачите вели: „Со тоа мислела дека е ниска.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Изговори збор кој, доколку се измеша со морската вода, ќе ја измени!“ Аиша продолжува: Еднаш имитирав некого, на што тој рече: „Не би сакал да имитирам човек – дури и да го добијам тоа и тоа.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед