Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

4 од 841 картички

Исчисти филтри
„Тој што се грижи за вдовицата и сиромашниот е како борецот на Аллаховиот пат или како оној кој ноќе клања, а дење пости.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Најдобрите пари што човекот може да ги потроши се парите што ги троши на своето семејство, парите што ги троши за јаваницата за јавање на Аллаховиот пат, и парите што ги троши за своите другари на Аллаховиот пат.“ Ебу Килаба рекол: „Тој прво започна со семејството.“ Потоа додал: „Кој може да има поголема награда од оној кој се грижи за своите мали деца, ги прави чесни, им користи или ги прави независни преку својата грижа?“
Автентичен Го бележи Муслим
„Се колнам во Аллах, нема да влезете во Џенетот додека не поверувате, а нема да поверувате додека не се засакате меѓусебно. Па зарем не сакате да ве известам за нешто кое, ако го правите, ќе се сакате? Ширете го селамот помеѓу вас.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кога муслиманот или верникот зема абдест и го мие своето лице, сите гревови што ги гледал со очите паѓаат заедно со водата или со последната капка вода. Кога ги мие своите раце, сите гревови што ги направил со рацете паѓаат заедно со водата или со последната капка вода. Кога ги мие своите нозе, сите гревови што ги направил одејќи на нив паѓаат заедно со водата или со последната капка вода, така што останува потполно чист од гревови.“
Автентичен Го бележи Муслим