Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

16 од 841 картички

Исчисти филтри
Навистина Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш излезе и се упати кон група од своите асхаби што седеа во круг и ги праша: ,Што ве натера да седите овде?‘ Тие одговорија: ,Седнавме за да го спомнуваме Аллах и да Му заблагодариме за тоа што нè упати кон исламот и за благодатите со кои нè обдарил.‘ Тој повторно праша: ,Се колнете ли во Аллах дека само поради тоа сте седнале?‘ Тие одговорија: ,Се колнеме во Аллах дека само поради тоа седнавме.‘ Тогаш тој рече: ,Не ве терам да се колнете затоа што ве обвинувам, туку затоа што до мене дојде Џибрил и ме извести дека Возвишениот Аллах се гордее со вас пред мелеците.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„О, луѓе, покајте се пред Аллах! Зашто јас секој ден Му се покајувам Нему повеќе од стопати.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Нема луѓе кои ќе станат од седенка на која не го спомнувале Аллах, освен како да станале од трпеза на која имало леш од магаре, а потоа ќе зажалат за тоа.“
Автентичен Го бележи Ебу Давуд
„Кога муезинот ќе каже: ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘ (Аллах е Најголем), па некој од вас ќе каже (и ќе повтори): ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘, Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Ешхеду Ен Ла Илахе Иллаллах‘ (Сведочам дека нема друг Бог освен Аллах), па некој од вас ќе повтори: ,Ешхеду Ен Ла Илахе Иллаллах‘, Потоа кога ќе каже ,Ешхеду Енне Мухаммеден Ресулуллах‘ (Сведочам дека Мухаммед е Аллахов Пратеник), па некој од вас ќе повтори: ,Ешхеду Енне Мухаммеден Ресулуллах‘, Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Хајје ‘Алас-Салах‘ (Дојдете на намаз), па некој од вас ќе каже: ,Ла Хавле Ве Ла Куввете Илла Биллах‘ (Нема сила ниту моќ освен со Аллах), Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Хајје ‘Алел Фелах‘ (Дојдете на спас), па некој од вас ќе каже: ,Ла Хавле Вела Куввете Илла Биллах‘, Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘, потоа некој од вас ќе повтори: ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘, Потоа кога (муезинот) ќе каже: ,Ла илахе Иллаллах‘, потоа некој од вас ќе повтори: ,Ла Илахе Иллаллах‘, – од срце (ќе го кажува и ќе повторува по муезинот), ќе влезе во Џенетот.“
Автентичен Го бележи Муслим
Некои од асхабите му рекоа на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „О Аллахов пратенику, богатите нè надминаа во наградите – и тие клањаат како што и ние клањаме, и постат како што и ние постиме, а покрај тоа даваат и од вишокот на своето богатство како садака!“ Тој им рече: „Зарем Аллах не ви дал нешто со што и вие можете да давате садака? Секое изговарање на субханаллах е садака, секое изговарање на Аллаху екбер е садака, секое изговарање на елхамдулиллах е садака, секое изговарање на ла илахе иллаллах е садака, и секое наредување на доброто е садака, и секое спречување на злото е садака, па дури и интимниот однос е садака.“ Тие рекоа: „О Аллахов пратенику, зарем некој од нас, кога ќе ја задоволи својата страст, ќе има награда за тоа?!“ Тој рече: „Што мислите – ако ја задоволи на забранет начин, зарем не би сносел грев за тоа? Така, кога тој ќе ја задоволи на дозволен начин – ќе има награда.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кога ќе го чуете муезинот, повторете го она што го изговара, а потоа испратене салават врз мене, зашто оној кој ќе испрати еден салават кон мене, Аллах ќе испрати врз него десет салавати. Потоа, замолете Го Аллах да ми го подари Весилех, зашто тоа е едно посебно место во Џенетот, кое му припаѓа само на еден од Аллаховите робови, и се надевам дека тоа сум јас. Кој ќе побара Весилех за мене, нему ќе му припадне мојот шефаат.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој ќе каже: ,Ла илахе иллаллаху вехдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду ве хуве ала кулли шејин кадир‘, десетпати ќе има награда како да ослободил четири робови од потомството на Исмаил.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Еднаш, додека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше на пат кон Мека, помина покрај една планина наречена Џумдан и рече: „,Продолжете напред, ова е Џумдан. Успеаја оние што се издвојуваат (муферидун).‘ Прашале: ,Кои се тие што се издвојуваат, о Аллахов пратенику?‘ Тој одговорил: ,Тоа се мажите и жените што го спомнуваат Аллах многу.‘“
Автентичен Го бележи Муслим