Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

5 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Кој ќе каже: ,Субханаллахи ве би хамдихи‘, во еден ден, стопати, ќе му се избришат гревовите, дури и да се колку што ја има морската пена.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој во текот на еден ден ќе каже: Ла илахе иллаллах, вахдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лехул-хамду, ве хуве ‘ала кулли шеј-ин кадир (Нема друг Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема содружник; Негова е власта и Нему му припаѓа благоданоста, и Тој е Семоќен) стопати, ќе ја добие наградата како да ослободил десет робови, ќе му бидат запишани сто добри дела, ќе му бидат избришани сто лоши дела, и тој ден тоа ќе му биде заштита од шејтанот сè до вечерта. Никој нема да направи дело подобро од тоа, освен оној што го направи ова повеќе пати.“
Автентичен Муттефекун алејхи
дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пренесувајќи од својот Господар рекол: „Кога робот ќе направи грев и ќе рече: ,Аллаху мој, прости ми го мојот грев.', Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите', потоа пак ќе направи грев и ќе каже: ,Господару, прости ми го гревот', а Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите', потоа пак ќе направи грев и ќе каже: ,Господару, прости ми го гревот', а Аллах, Возвишениот вели: ,Мојот роб згрешил и знае дека има Господ Кој ги простува гревовите и казнува за гревовите, прави што сакаш, Јас ти ги простив гревовите.'"
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нема луѓе кои ќе станат од седенка на која не го спомнувале Аллах, освен како да станале од трпеза на која имало леш од магаре, а потоа ќе зажалат за тоа.“
Автентичен Го бележи Ебу Давуд
Еднаш, додека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше на пат кон Мека, помина покрај една планина наречена Џумдан и рече: „,Продолжете напред, ова е Џумдан. Успеаја оние што се издвојуваат (муферидун).‘ Прашале: ,Кои се тие што се издвојуваат, о Аллахов пратенику?‘ Тој одговорил: ,Тоа се мажите и жените што го спомнуваат Аллах многу.‘“
Автентичен Го бележи Муслим