Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

4 од 841 картички

Исчисти филтри
„Нека твојот јазик постојано биде навлажен со спомнување на Аллах.“
Автентичен Го бележат Ахмед, Тирмизи, Ибн Маџе и Ибн Хибан
„,Сакате ли да ве известам за најдоброто од вашите дела, најчистото кај вашиот Господар, она што најмногу ги воздигнува вашите степени, кое е подобро од давањето злато и сребро како садака и подобро од тоа да се соочите со вашите непријатели, па да ги удирате по вратовите, а тие да ве удираат по вратовите?‘ Тие рекоа: .Секако!‘ Тој рече: ,Спомнувањето на Возвишениот Аллах.‘“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Го сретнав Ибрахим ноќта кога бев на Исра, а тој рече: ,О Мухамед, поздрави го твојот умет и кажи им дека Џенетот има убава земја, и слатка вода, и дека тој е рамнина, а неговите садници се: Субханаллах (Слава Му на Аллах), Елхамдулиллах (Благодарност на Аллах), Ла илахе иллаллах (Нема божество освен Аллах), Аллаху екбер (Аллах е најголем).‘“
Добар поради преданијата што го поткрепуваат Го бележи Тирмизи
,Јазикот нека ти биде постојано навлажен од спомнувањето на Аллах.‘“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед