Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

17 од 841 картички

Исчисти филтри
,О луѓе, ширете го селамот, нахранете ги гладните, одржувајте ги роднинските врски и клањајте ноќе додека луѓето спијат – ќе влезете во Џенетот со мир.‘“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Кај мене дојде една сиромашна жена, носејќи ги своите две ќерки. Ѝ дадов три урми. Таа им даде по една урма на ќерките, а третата ја приближи кон устата за да ја изеде. Но ќерките и од неа посакаа, па таа ја преполови и им ја подели. Нејзината постапка многу ме восхити, па му го раскажав тоа на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Тој рече: „Аллах со тој нејзин чин ѝ го задолжил Џенетот или ја заштитил од Огнот.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој ќе израсне две девојчиња сè додека не станат полнолетни, на Судниот ден ќе биде со мене вака – и ги спои своите прсти.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кога Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, им наредуваше нешто од делата, им наредуваше само онолку колку што можеа да поднесат. А тие велеа: ,Ние не сме како тебе, о Божји пратенику. Аллах ти ги има простено и минатите и идните гревови.’ Тогаш тој се лутеше, така што лутината се познаваше на неговото лице, па велеше: ,Навистина, најбогобојазливиот меѓу вас и оној што најмногу Го познава Аллах сум јас.’“
Автентичен Го бележи Бухари
„,Сакате ли да ви укажам на дела преку кои Аллах ги брише гревовите и ги воздигнува степените?‘ Тие одговорија: ,Секако, о Божји пратенику.‘ Тој рече: ,Потполното земање на абдестот и кога е тешко, многубројните чекори до џамиите, и чекањето на намазот по намазот. Тоа е вистинското стражарење на Аллаховиот пат.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Додека еден човек одел по патот, здогледал гранка со трње, па ја тргнал – и Аллах му се заблагодарил за тоа и му простил.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Еден ден поминат на стража на Аллаховиот пат е подобар од целиот свет и сè што се наоѓа на него. А местото во Џенетот колку еден камшик е подобро од целиот свет и сè што има на него. И утринското или вечерното излегување на Аллаховиот пат е подобро од целиот свет и сè што има на него.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Најдобрите пари што човекот може да ги потроши се парите што ги троши на своето семејство, парите што ги троши за јаваницата за јавање на Аллаховиот пат, и парите што ги троши за своите другари на Аллаховиот пат.“ Ебу Килаба рекол: „Тој прво започна со семејството.“ Потоа додал: „Кој може да има поголема награда од оној кој се грижи за своите мали деца, ги прави чесни, им користи или ги прави независни преку својата грижа?“
Автентичен Го бележи Муслим