Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

6 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Кој, на еден верник, ќе му олесни неволја од неволјите на овој свет, Аллах ќе му олесни неволја од неволјите на Судниот ден. Кој ќе му помогне на оној што се наоѓа во тешка положба, Аллах ќе му помогне и на дуњалукот и на Ахиретот. Кој ќе го покрие муслиманот, Аллах ќе го покрие и на дуњалукот и на Ахиретот. Аллах му е на помош на својот роб сè додека тој му е на помош на својот брат. Кој ќе тргне по патот на барањето знаење, Аллах ќе му го олесни патот кон Џенетот. И нема да се соберат луѓе во некоја од Аллаховите куќи – читајќи ја Аллаховата Книга и изучувајќи ја меѓу себе – а врз нив да не се спушти смиреност, да не бидат обземени со милост, да не ги опкружат мелеците и Аллах да не ги спомне меѓу оние што се кај Него. А оној кого делата ќе го забават – неговото потекло нема да го забрза.“
Автентичен Го бележи Муслим
,Кому Аллах посакува добро, ќе му даде да ја разбере верата. Јас сум само оној кој дели, а Аллах е Оној Кој дава. Овој умет секогаш ќе биде на вистината, нема да му наштети никој што ќе му се спротивстави, сè додека не дојде Аллаховата одлука'.”
Автентичен Муттефекун алејхи
,Еден од предзнаците на Судниот ден е кога знаењето ќе го снема, а незнаењето ќе се прошири. Блудот и пиењето алкохол ќе станат почести, бројот на мажите ќе се намали, а бројот на жените ќе се зголеми, така што на педесет жени ќе има само еден маж кој ќе се грижи за нив.’“
Автентичен Муттефекун алејхи
„О Ебу Мунзир, знаеш ли кој е највредниот ајет во Аллаховата Книга?“ Одговорив: „Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.“ Пратеникот повторно праша: „О Ебу Мунзир, знаеш ли кој е највредниот ајет во Аллаховата Книга?“ Одговорив: „Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател!“ Тогаш тој ме удри по градите и рече: „Ти честитам на знаењето, Ебу Мунзир.“
Автентичен Го бележи Муслим
Навистина Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш излезе и се упати кон група од своите асхаби што седеа во круг и ги праша: ,Што ве натера да седите овде?‘ Тие одговорија: ,Седнавме за да го спомнуваме Аллах и да Му заблагодариме за тоа што нè упати кон исламот и за благодатите со кои нè обдарил.‘ Тој повторно праша: ,Се колнете ли во Аллах дека само поради тоа сте седнале?‘ Тие одговорија: ,Се колнеме во Аллах дека само поради тоа седнавме.‘ Тогаш тој рече: ,Не ве терам да се колнете затоа што ве обвинувам, туку затоа што до мене дојде Џибрил и ме извести дека Возвишениот Аллах се гордее со вас пред мелеците.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Примерот на она со кое Аллах ме испратил од упатството и знаењето, е како обилен дожд што ја напоил земјата. Едниот дел од земјата бил чист и плоден, ја примил водата и израснале изобилно треви и пасишта. Другиот дел бил тврд и сув, ја задржал водата, па Аллах им овозможил корист на луѓето преку него: пиеле, напојувале и саделе. А третиот дел бил рамен кој ниту ја задржувал водата ниту пак растело нешто на него. Таков е примерот на оној што стекнува разбирање во Аллаховата вера и се користи од она со што ме испрати Аллах – учи и подучува други. А примерот на оној што не обрнува внимание и не го прифаќа Аллаховото упатство со кое сум пратен – е како неплодната земја.“
Автентичен Муттефекун алејхи