Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

9 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (48)
Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Возвишениот Аллах рекол: О сине Адемов, сè додека Ми се обраќаш со дова и се надеваш во Мене, ќе ти простам, без разлика на твоите гревови, и тоа не Ми претставува тешкотија. О сине Адемов, доколку твоите гревови достигнат до небесата, а потоа побараш прошка од Мене, ќе ти простам, и тоа не Ми претставува тешкотија. О сине Адемов, ако дојдеш кај Мене со гревови колку што е Земјата, но не Ми припишуваш здруженици, ќе ти дојдам со исто толкава прошка."
Добар Го бележи Тирмизи
„Кога синот Адемов (човекот) би имал две долини полни со имот, би посакал и трета. Ништо не може да ја наполни внатрешноста на човекот освен земјата (гробот). А Аллах го прима покајанието на оној што се кае.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Еден човек го праша Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „,Кога ќе настапи Часот (Судниот ден)?‘ Тој му одговори: ,А што си подготвил за него?‘ Човекот рече: ,Ништо, освен што го сакам Аллах и Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.‘ Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: ,Ќе бидеш со оној кого го сакаш.‘ Енес вели: ,Ништо не нѐ израдува толку, колку зборовите на пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: Ќе бидеш со оној кого го сакаш.‘ Потоа додаде: ,Го сакам пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, Ебу Бекр и Омер, и се надевам дека ќе бидам со нив поради мојата љубов кон нив, иако не ги достигнав нивните дела.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„О, Аллах, нема вистински живот освен Ахиретскиот живот. Па прости им на енсариите и мухаџирите.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Никој од вас нема да биде верник сè додека не ме сака повеќе од неговиот татко, неговото дете и од сите луѓе.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога бев воздигнат на Мираџ, поминав покрај група луѓе со нокти од бакар, со кои ги гребеа своите лица и гради. Го прашав Џибрил: ,Кои се овие луѓе?‘ Тој ми одговори: ,Тоа се оние што се хранат со месото на луѓето (ги озборуваат) и ја погазуваат нивната чест.‘“
Добар Го бележи Ебу Давуд
„Во Џенетот има пазар на кој жителите ќе доаѓаат секој петок. Ќе дува северен ветер кој ќе ги допира нивните лица и нивната облека, па нивната убавина и отменост уште повеќе ќе се зголемат. А кога ќе се вратат кај своите семејства, тие ќе ги пречекаат и ќе им речат: ,Се колнеме во Аллах, се вративте уште поубави и поотмени отколку кога заминавте!‘ А тие ќе им возвратат: ,И вие, се колнеме во Аллах, станавте уште поубави и поотмени откако се разделивме!‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, често изговарал: ,О, Ти што ги превртуваш срцата, зацврсти го моето срце во Твојата вера!‘ Па го прашав: ,О, Божји пратенику, ние веруваме во тебе и во она со што дојде. Па зарем се плашиш за нас?‘ Тој одговори: ,Да, бидејќи срцата се меѓу два прста од Аллаховите прсти, и Тој ги превртува како што сака.‘“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед