Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

110 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (48)
„Аллахумме инни еузу бике мин зевали ни'метике, ве техаввули 'афијетике ве фуџаети ни'метике, ве џемиа' сехатике (О Аллаху, барам засолниште кај Тебе од губењето на Твоите благодети, од промените на Твојата благосостојба, од ненадејноста на Твојата казна и сиот Твој гнев)“.
Автентичен Го бележи Муслим
„Навистина делата се вреднуваат според намерите, и навистина секој човек ќе го добие она што го имал како намера. Па, кој ќе направи хиџрет заради Аллах и Неговиот пратеник, неговиот хиџрет е за Аллах и Пратеникот; а кој ќе направи хиџрет заради материјална/овосветска добивка, или заради жена да ја ожени, неговиот хиџрет е за она за што го направил.“
Автентичен Го бележат двајцата имами на хадиската наука: Ебу Абдулах Мухамед ибн Исмаил ибн Ибрахим ибн ел-Мугира ибн Бердизбех ел-Бухари и Ебу ел-Хусејн Муслим ибн ел-Хаџаџ ибн Муслим ел-Кушејри ен-Нисабури, во своите „Сахихи“, кои се најверодостојните составени хадиски збирки
Најчестата дова на Пратеникот, алејхи селам, била: „ Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен, ве фил-ахирети хасенетен, ве кина азабен-нари.“(Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот).
Автентичен Муттефекун алејхи
„Примерот на оној што Го спомнува својот Господар и оној што не Го спомнува е како примерот на живиот и мртвиот.“ А во верзијата на Муслим стои: „Примерот на куќата во која се спомнува Аллах и куќата во која не се спомнува Аллах е како примерот на живиот и мртвиот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
,Никој од вас нека не умре, освен со убаво мислење за Аллах.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Го прашав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за ненадејниот поглед (кон нешто забрането), па ми нареди веднаш да го свртам погледот настрана.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Дуњалукот (овој свет) е сладок и зелен. Возвишениот Аллах те создаде на него за да види како ќе работиш. Затоа, чувај се од овој свет и чувај се од жените, навистина првото искушение на синовите Израилови дојде од жените."
Автентичен Го бележи Муслим
„Сите срца на потомците на Адем се меѓу два прста од прстите на Милостивиот – како едно срце – и Тој ги насочува како што сака.“ Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „О Аллах, Ти што ги насочуваш срцата – насочи ги нашите срца кон Твојата покорност.“
Автентичен Го бележи Муслим