Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

110 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (48)
„Аллаховиот роб е најблизок до својот Господар кога е на сеџда, тогаш молете се најмногу.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Халалот е јасен и харамот е јасен, а помеѓу нив се сомнителните работи кои не им се јасни на повеќето луѓе, па кој се оддалечи од тие сомнителни работи, тој ја сочувал својата вера и чест, а кој ќе навлезе во сомнителните работи ќе навлезе во забранетото, исто како пастирот кој го чува своето стадо блиску до забрането место, стадото лесно може да влезе во него. Секој Владател има забранети територии, а таа на Аллах се харамот. Навистина во телото има еден орган, ако е тој здрав и телото ќе биде здраво, а ако тој не е здрав и телото ќе биде расипано, а тоа е срцето."
Автентичен Муттефекун алејхи
„О Ебу Сеид! Оној што ќе биде задоволен со Аллах како Господар, со исламот како вера, и со Мухамед како веровесник – за него Џенетот станува задолжителен.“ Тоа многу го зачуди Ебу Сеид, па рече: „Повтори ми го тоа, о Аллахов пратенику!“ Тој му го повтори, а потоа додаде: „Има уште едно дело преку кое робот ќе биде воздигнат за сто степени во Џенетот – а растојанието меѓу секој степен е колку растојанието помеѓу небото и земјата.“ Рече: „А кое е тоа, о Аллахов пратенику?“ Тој одговори: „Џихадот на Аллаховиот пат. Џихадот на Аллаховиот пат.“
Автентичен Го бележи Муслим
„,Заколнете се дека никого нема да го сметате за рамен на Аллах (нема да правите ширк) нема да крадете, нема да вршите прељуба, нема да ги убивате вашите деца, нема да измислувате клевети што ќе ги ширите со рацете и нозете (т.е. со збор и дело), и нема да бидете непослушни во она што е добро. Кој од вас ќе го исполни тоа – неговата награда е кај Аллах. А кој ќе направи нешто од тоа, па ќе биде казнет на овој свет – тоа ќе му биде искуп. А кој ќе направи нешто од тоа, па Аллах ќе му го покрие – неговиот случај е кај Аллах: ако сака, ќе му прости, а ако сака, ќе го казни.“ – Па сите му се заколнавме на тоа.
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога жителите на Џенетот ќе влезат во него, Возвишениот Аллах ќе рече: „Дали сакате нешто повеќе?“ Жителите ќе одговорат: „Зарем не ни ги направи лицата светли? Нè воведе во Џенетот и нè спаси од огнот?“ И кажа: „Тогаш ќе се отстрани завесата и нема да им се даде ништо помило од гледањето на својот Господар, Семоќниот и Величествениот“.
Автентичен Го бележи Муслим
„Фитните ќе бидат изложувани на срцата – една по една – како што се редат прачките на сламен рогоз. Срцето што ќе ги прифати, во него се втиснува црна точка; а срцето што ќе ги одбие, во него се втиснува бела точка – сè додека срцата не се поделат на две: – едното срце бело, сјајно како камен што го испрал дожд – и ниедна фитна не може да му наштети сè додека постојат небесата и земјата; – а другото црно, затемнето, превртено – како сад поставен наопаку: не препознава добро, ниту се одвраќа од зло, освен она што му го наметнал неговиот нефс (его).“ Хузејфе продолжува: ,Му реков на Омер: Меѓу тебе и таа фитна има заклучена врата. Но наскоро ќе биде скршена.‘ Омер праша: ,Скршена, мајка да не те родела?! Не можеше барем да се отвори? Тогаш ќе можеше и да се затвори!‘ Му реков: ,Не. Таа ќе биде скршена.‘ Му објаснив дека таа врата е еден човек – кој ќе биде убиен или ќе умре. Тоа беше точно пренесено, а не претпоставка.“ Ебу Халид вели: „Му реков на Сад: ,О, Ебу Малик, што значи црно затемнето?‘ Тој одговори: ,Тоа е црна боја помешана со сјај на бело – сивкава, пепеласта боја.‘ Потоа го прашав: ,А што значи како превртен сад?‘ Тој рече: ,Тоа значи – поставен наопаку.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Во Џенетот има пазар на кој жителите ќе доаѓаат секој петок. Ќе дува северен ветер кој ќе ги допира нивните лица и нивната облека, па нивната убавина и отменост уште повеќе ќе се зголемат. А кога ќе се вратат кај своите семејства, тие ќе ги пречекаат и ќе им речат: ,Се колнеме во Аллах, се вративте уште поубави и поотмени отколку кога заминавте!‘ А тие ќе им возвратат: ,И вие, се колнеме во Аллах, станавте уште поубави и поотмени откако се разделивме!‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Прашав: ,О, Алаховиот Пратенику, кажи ми нешто за исламот, за што нема да морам никого да прашувам после тебе?‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Речи: Верувам во Аллах, а потоа биди истраен во тоа.‘“
Автентичен Го бележат Муслим и Ахмед