Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

4 од 841 картички

Исчисти филтри
„Не се приврзувајте за имотот, па да ви се омили дуњалукот.“
Добар поради други преданија што го поткрепуваат Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Го видов Амар бин Јасир како влезе во џамија и клањаше намаз – но го скрати. Кога излезе, му пријдов и му реков: ,О, Ебу Јакзан, го скрати намазот!‘ Тој одговори: ,Дали забележа дека нешто изоставив од неговите прописи?‘ Реков: ,Не.‘ Тој рече: ,Тогаш, само брзав за да го одбијам заборавот кој доаѓа од шејтанот. Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: Навистина, човекот клања намаз, но од него му се запишува само десетина, деветина, осмина, седмина, шестина, петина, четвртина, третина или половина.‘“
Добар Го бележи Ахмед
„Кој по јадењето ќе каже: Елхамду лиллахиллези ет‘амени хаза ве резаканихи мин гајри хавлин мини ве ла кувветин (Благодарност на Аллах, Кој ме нахрани со ова и ме снабди без моја сила и моќ), ќе му бидат простени претходните гревови.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“
Добар Го бележат Тирмизи и Ахмед