Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

53 од 841 картички

Исчисти филтри
„Мажот да не гледа во интимниот дел од телото на друг маж, а жената да не гледа во интимниот дел од телото на друга жена. Покрај тоа, мажот нема да лежи со друг маж под иста покривка и жена нема да лежи со друга под истата покривка.“
Автентичен Го бележи Муслим
Алаховиот пратеник еднаш дојде пред нас и го прашавме: „,О, Аллахов Пратенику, ние знаеме како да те поздравиме со селам, но како можеме да испратиме салават врз тебе?‘ Пратеникот ни рече: ,Кажете: Алахумме салли 'ала Мухамедин ве 'ала али Мухамед, кема салејте 'ала али Ибрахиме, иннеке Хамидун Меџид. Аллахумме барик ала Мухамедин, ве ала али Мухамед, кема баректе ала али Ибрахим, иннеке Хамидун Меџид.‘ (Аллаху наш, нека Твојата благодат биде врз Мухамед и врз семејството на Мухамед, како што беше и врз Ибрахим и семејството на Ибрахим, Тебе ти припаѓа благодарноста и Ти си Славениот. Аллаху наш, нека Твојот благослов биде врз Мухамед и семејството на Мухамед, како што беше врз Ибрахим и врз семејството на Ибрахим, Тебе ти припаѓа благодарноста и Ти си Славениот)“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Не носете свила и брокат, не пијте од златни и сребрени садови и не јадете од таквите чинии, бидејќи тие се за нив (немуслиманите) на овој свет, а за нас на идниот свет.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога јадевме со Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не ги стававме рацете во храната сè додека тој прв не ја ставеше својата. Еднаш бевме со него на трпеза, кога дојде една робинка, како да ја туркаат, и сакаше веднаш да ја стави раката во храната. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја фати за раката. Потоа пристигна и еден бедуин, исто како да го туркаат, и сакаше да ја стави раката во храната. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и него го фати за раката и рече: ,Навистина, шејтанот ја смета за дозволена храната врз која не е спомнато Аллаховото име. Тој ја доведе оваа робинка за преку неа да ја направи храната дозволена за себе, па ја фатив за раката. Потоа го доведе и овој бедуин со истата намера, па и него го фатив за раката. Се колнам во Оној во Чија рака е мојата душа, неговата рака беше во мојата, заедно со нејзината раката.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кога човекот ќе го засака својот брат, нека му каже дека го сака.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“ и Ахмед