Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

1 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесен во

„Кога јадевме со Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не ги стававме рацете во храната сè додека тој прв не ја ставеше својата. Еднаш бевме со него на трпеза, кога дојде една робинка, како да ја туркаат, и сакаше веднаш да ја стави раката во храната. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја фати за раката. Потоа пристигна и еден бедуин, исто како да го туркаат, и сакаше да ја стави раката во храната. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и него го фати за раката и рече: ,Навистина, шејтанот ја смета за дозволена храната врз која не е спомнато Аллаховото име. Тој ја доведе оваа робинка за преку неа да ја направи храната дозволена за себе, па ја фатив за раката. Потоа го доведе и овој бедуин со истата намера, па и него го фатив за раката. Се колнам во Оној во Чија рака е мојата душа, неговата рака беше во мојата, заедно со нејзината раката.‘“
Автентичен Го бележи Муслим