Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

50 од 841 картички

Исчисти филтри
„Бев со Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на патување и се наведнав да му ги соблечам мествите, но тој рече: ,Остави ги, бидејќи бев со абдест кога ги облеков‘ а потоа помина со прстите (потре) по нив.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Примерот на оној што се дружи со Куранот е како примерот на сопственикот на врзани камили: ако се грижи за нив – ќе останат со него; но ако ги пушти – ќе се разбегаат.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Кога Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, сакаше да заспие, ја ставаше раката под главата и велеше: „Аллаху мој, сочувај ме од Твојата казна на Денот кога ќе ги собереш или кога повторно ќе ги оживееш Своите робови.“
Автентичен Го бележи Тирмизи
„Кога некој од вас ќе јаде, нека јаде со својата десна рака, и кога ќе пие, нека пие со својата десна рака, бидејќи шејтанот јаде со својата лева рака и пие со својата лева рака.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој и да му рече на својот брат: ,О, невернику!‘, на едниот од нив му се враќа таа изрека. Ако навистина е таков како што рекол – тогаш тоа важи за него; а ако не е – тогаш му се враќа на оној што тоа го кажал.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Должината на облеката (изарот) кај муслиманот треба да биде до средината на потколеницата. Нема грев ако е помеѓу тоа и глуждовите, но она што е под глуждовите – е во Оганот. А оној што ја влече (спушта) својата облека од гордост – Аллах нема ни да го погледне.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
„Кој ќе изучува знаење со кое треба да се бара само Аллаховото лице, а го изучува единствено за да стекне нешто од дуњалучките придобивки – на Судниот ден нема да го почувствува мирисот на Џенетот.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни нареди седум работи и ни забрани седум: Ни нареди: – да го посетуваме болниот, – да го следиме џеназето, – да му возвратиме со дова на оној што ќе кивне, – да ја исполниме заклетвата или да му удоволите на оној што ќе нѐ заколне, – да му помогнеме на угнетениот, – да се одѕвиеме на поканата, – и да го шириме селамот. А ни забрани: – да носиме златни прстени (или воопшто злато на рацете), – да пиеме од садови направени од сребро, – да користиме седла украсени со свила, – да носиме облека од кесиј (ткаенина со свилени везови), – и да облекуваме свила, истабрак и дибаџ (видови свилена облека).“
Автентичен Муттефекун алејхи