Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

32 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

дека еден човек кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, јадел со левата рака. Пратеникот му рекол: „,Јади со десната рака‘, а тој одговорил: ,Не можам‘. Пратеникот му кажа: ,И да не можеш!‘, ароганцијата не му дозволи да јаде со десна рака. И после ова, овој човек не можеше повеќе да ја крене (десната) рака до устата.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Некој човек го прашал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,Кој е најдобриот ислам?‘, Тој одговорил: ,Да го нахраниш и да го поздравиш со селам и оној што го познаваш и оној што не го познаваш.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах е задоволен од робот кој, кога нешто јаде, Му Се заблагодарува за тоа, или кога нешто пие, Му Се заблагодарува за тоа.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Муслиман е оној од чии јазик и раце се сигурни останатите муслимани, а мухаџир е оној кој ќе го напушти она кое Аллах го забранил.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Бев со Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на патување и се наведнав да му ги соблечам мествите, но тој рече: ,Остави ги, бидејќи бев со абдест кога ги облеков‘ а потоа помина со прстите (потре) по нив.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Примерот на оној што се дружи со Куранот е како примерот на сопственикот на врзани камили: ако се грижи за нив – ќе останат со него; но ако ги пушти – ќе се разбегаат.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога некој од вас ќе јаде, нека јаде со својата десна рака, и кога ќе пие, нека пие со својата десна рака, бидејќи шејтанот јаде со својата лева рака и пие со својата лева рака.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој и да му рече на својот брат: ,О, невернику!‘, на едниот од нив му се враќа таа изрека. Ако навистина е таков како што рекол – тогаш тоа важи за него; а ако не е – тогаш му се враќа на оној што тоа го кажал.“
Автентичен Муттефекун алејхи