Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

48 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Бевме на една воена експедиција кога еден човек од мухаџирите удри еден човек од енсариите. Тогаш енсаријата извика: „О, енсарии!“ а мухаџирот извика: „О, мухаџири!“ Тоа го чу Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и праша: „Што е ова?“ Му одговорија: „Еден човек од мухаџирите удри еден човек од енсариите, па енсаријата извика: „О, енсарии!“, а мухаџирот: „О, мухаџири!““ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Оставете го тоа, затоа што тоа е одвратно.“ Џабир додаде: „Кога Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, пристигна, енсариите беа побројни; потоа мухаџирите се намножија. Тогаш Абдулах бин Убеј рече: ‚Зарем го направија тоа?! Се колнам во Аллах, ако се вратиме во Медина, посилниот ќе го истера послабиот.‘ Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, рече: ‚Остави ме, о Аллахов пратенику, да му ја отсечам главата на овој лицемер!‘ Но, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Остави го, за да не кажуваат луѓето: Мухамед ги убива своите асхаби.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој намерно ќе излаже за мене нешто, нега си го подготви местото во Огнот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Бев седнат со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога двајца луѓе почнаа жестоко да се расправаат и да се навредуваат. Лицето на едниот поцрвене, а жилите на неговиот врат се надуја. Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Знам еден збор кој, ако го изговори, ќе му го отстрани тоа што го чувствува. Ако рече: Еузу биллахи минеш-шејтанир раџим (Барам прибежиште кај Аллах од проклетиот шејтан), ќе му помине тоа што го чувствува.‘ Па му рекоа: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Побарај прибежиште кај Аллах од шејтанот‘, а тој одговори: ,Зарем сум јас луд?‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Семоќниот Аллах му дава рок на неправедникот, но кога ќе го фати нема да може да избега. Потоа, Пратеникот го рецитирал ајетот: ,Ете така Господарот твој казнува кога казнува села и градови кои правеле насилства, Тој ги казнува, навистина, болно и страшно.‘“ [Худ: 102].
Автентичен Муттефекун алејхи
„Секој кој ќе ги сокрие недостатоците на друг роб во овој свет, Аллах ќе ги сокрие неговите на Судниот ден.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Пазете се од неправдата! Навистина неправдата ќе биде темнини на Судниот ден. Пазете се од среброљубието! Навистина среброљубието ги уништи оние пред вас. Таа ги натера да пролеат крв и да си го дозволат она што беше забрането.“
Автентичен Го бележи Муслим
,Дали сакате да ве известам за најголемите гревови?‘ – го повтори ова трипати. Тие (асхабите) рекоа: ,Секако, о Аллахов Пратенику.‘ Рече: ,Да сметаме некого рамен на Аллах (ширк) и непочитувањето на родителите.‘ Потоа седна, а пред тоа беше потпрен, и додаде: ,И лажниот говор.‘ Продолжи да го повторува ова толку многу пати што рековме: Би сакале да престане.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи