Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

2 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Бевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во местото Зул-Хулејфа, кога луѓето ги снајде глад. Тогаш наидоа на неколку камили и овци, кои ги запленија па ги заклаа и ги ставија казаните да варат месо. Во тој момент, пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, беше при крајот на колоната. Кога пристигна и го виде тоа што го направиле, им нареди да ги превртат казаните – и тие ги превртија. Потоа направи поделба – десет овци ги изедначи со една камила. Една од камилите побегна, па се обидоа да ја фатат, но не успеаја – иако имаа неколку коњи со себе. Еден од нив ја погоди со стрела и Аллах ја сопре. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Навистина, овие домашни животни понекогаш се однесуваат како диви – па ако нешто од нив ви побегне и не можете да го совладате, постапете со него како што постапивте сега.‘“ Рафи’ рече: ,Очекуваме – или се плашиме – дека утре ќе се соочиме со непријателот, а немаме ножеви. Можеме ли да колеме со остри трски?‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Сè што ја пушта крвта и при што се спомне Аллаховото име – јадете од тоа. Но не колете со заб или со нокт. Ќе ви објаснам зошто: забот е коска, а ноктот – тоа е ножот на Абесинците.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, жртвуваше два рогати црни овна со белило на врвовите на влакната. Ги закла со своја рака, изговарајќи ,Бисмиллах‘ и ,Аллаху екбер‘, а потоа ја стави својата нога врз нивните бокови.“
Автентичен Муттефекун алејхи