Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

3 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил да се дава завет и рекол: „Тој не носи никакво добро, со него само се извлекува нешто од скржавецот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе се заколне лажно – со намера преку таа заклетва да присвои имот на друг муслиман – ќе Го сретне Аллах, а Тој ќе биде гневен на него.“ Тогаш Еш’ас бин Кајс рече: „Се колнам во Аллах, ова беше објавено поради мене! Имав расправија со еден евреин околу една земја – тој ја порекна мојата сопственост, па го изведов пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Пратеникот ме праша: ,Имаш ли доказ?‘ Одговорив: ,Немам.‘ Тогаш му рече на евреинот: ,Заколни се!‘ Реков: ,О Божји пратенику, па тој ќе се заколне и ќе ми го земе имотот!‘ Потоа Возвишениот Аллах објави: ,Навистина, тие кои обврската своја кон Аллах и заклетвите свои ги заменуваат за нешто што малку вреди...‘ до крај на ајетот."
Автентичен Муттефекун алејхи
„Дојдов кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со група од племето Ешари за да побараме средство за превоз. Тој ни рече: ,Се колнам во Аллах, не можам да ви обезбедам јаваници бидејќи немам можност за тоа.‘ Останавме таму извесно време, колку што Аллах го одредил, а во меѓувреме му беа донесени камили. Тогаш нè повика и ни додели три камили. Кога тргнавме, некои од нас рекоа еден на друг: ,Аллах нема да ни даде бериќет, побаравме од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, да ни обезбеди јаваници, тој се заколна дека нема, а сепак ни даде.‘“ Ебу Муса продолжува да раскажува: „Повторно се вративме кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и му го спомнавме тоа, а тој ни рече: ,Јас не ви ги дадов, туку Аллах. Се колнам во Аллах, дека иншаллах ако дадам заклетва, а потоа видам дека нешто друго е подобро, ќе се искупам за заклетвата и ќе го направам она што е подобро.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи