Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

9 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Жената не патува растојание кое се поминува за два дена, ако не е придружувана од мажот или од махрем. Нема постење на два дена: Фитр и Курбан Бајрам. Нема намаз од мугрите додека Сонцето не излезе потполно, ниту од попладне (икиндија) до зајдисонце. Не се патува со намера освен кон три џамии: Месџидул Харам во Мека, Месџидул Акса во Ерусалим и оваа џамија (во Медина).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Пратеникот ѝ рекол на една енсаријка, Ибн Абас го спомна нејзиното име, но јас го заборавив: „,Што те спречи да извршиш хаџ со нас?‘ Таа рече: ,Имавме само две камили за јавање. На едната изврши хаџ нејзиното дете и неговиот татко, а ја остави другата за нас.‘ Пратеникот ѝ рече: ,Кога ќе дојде рамазан, направете умра, бидејќи умрата во рамазан е еднаква со хаџот.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Леббејке Аллахумме леббејк, леббејке ла шерике леке леббејк, иннел-хамде вен-ниʿмете леке вел-мулк, ла шерике лек.“ (Се одзивам, Аллаху мој, се одзивам, Ти се одзивам Тебе кому никој не му е рамен, Ти се одзивам, благодарноста и благодатите се Твои, а Твоја е и власта, Тебе кому никој не му е рамен.) А Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, додаваше во телбијата: „Леббејке, леббејке, ве саʿдејк, вел-хајру биједејк, леббејке, вер-рагбау илејке вел-амел.“ (Се одзивам, се одзивам, Среќата доаѓа од Тебе, доброто е во Твоите раце! Се одзвивам – стремежот е кон Тебе, и делото!)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој има намера да принесе курбан, а се појавила младата месечина од месецот зул-хиџе, нека не зема ништо од своите влакна ниту од своите нокти, сè додека не го принесе курбанот.“
Автентичен Го бележи Муслим
дошол до Црниот камен, го бакнал и рекол: „Знам дека си само камен – не нанесуваш штета, ниту носиш корист. И да не го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како те бакнува, никогаш немаше да те бакнам.“
Автентичен Муттефекун алејхи
,Кој ќе го изврши аџилакот заради Аллах, без да говори непристојни зборови и без да направи грев, ќе се врати како на денот кога го родила мајка му.’“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим