Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

2 од 841 картички

Исчисти филтри
„Двајца мажи ми кажаа дека дошле кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за време на прошталниот аџилак, кога тој ја делеше садаката, и го замолиле да им даде нешто од неа. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги погледнал одозгора па надолу и забележал дека се здрави и силни. Па им рекол: ‚Ако сакате, ќе ви дадам – но во неа нема удел за богат човек, ниту за силен кој може да заработува.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Несаи
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога го испратил во Јемен, му наредил да земе од секои триесет говеда – по едно младо теле, машко или женско; од секои четириесет – по едно возрасно (мусинна). А од секој што достигнал полова зрелост – по еден динар или неговата противвредност во облека од Мафир, што се изработува во Јемен.
Автентичен со верзиите кои го поткрепуваат Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед