Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

4 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (52)
„Навистина, помеѓу човекот и помеѓу ширкот (многубоштвото) и неверувањето е оставањето на намазот.“
Автентичен Го бележи Муслим
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ поучуваше на истихара во сите работи – исто како што нѐ поучуваше на некоја сура од Куранот. Тој велеше: „Кога некој од вас се двоуми за некоја работа, нека клања два реката доброволен намаз, па потоа нека се помоли: Аллаху, дај ми да изберам преку Твоето знаење и овозможи ми го истото со Твојата моќ. Барам од Твојата неизмерна добрина, Ти си моќен а јас сум немоќен, Ти знаеш а јас не знам. Аллаху, доколку оваа работа (ја именува) е добра за мојата вера, живот и неговиот завршеток, близок или подалечен, овозможи ми ја, олесни ми ја и дај ми бериќет во неа. Аллаху, доколку оваа работа (ја именува) е лоша за мојата вера, живот и неговиот завршеток, близок или далечен, оддалечи ме од неа и неа оддалечи ја од мене и одреди го за мене тоа што е подобро каде и да е, и дај ми да бидам задоволен со истата. Потоа рече: „И ќе ја спомне својата потреба.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Кој јадел лук или кромид, нема да ни се придружи – или рече: нека не ѝ се приближува на џамијата, туку нека остане во неговата куќа.“, На Пратеникот, алејхи селам, му беше донесено тенџере во кое имало зеленчук, и почувстувал мирис од него, па прашал што има внатре и му кажале, а тој рекол: „Донесете го.“, за еден од асхабите што бил со него, но тој кога го виде јадењето, не сакаше да го јаде, па Пратеникот му рече: „Јади, зашто јас комуницирам со некој со кој ти не комуницираш.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе изговори кога ќе го слушне езанот: ,Аллахумме Раббе хазихид-да’ветит-таммети вес-салатил-каимети, ати Мухаммеденил-весилете вел-фадилете, веб’асху мекамен махмуденил-лези ве’адтеху. (Аллаху мој, Господару на овој совршен повик и на намазот чие време е сега, дај му го на Мухамед посредништвото и добрината и оживеј го на достојното место кое си му го ветил).‘ Нему ќе му биде дозволено моето застапништво (шефат) на Судниот ден.“
Автентичен Го бележи Бухари