Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

97 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (49)
„Подобро е човек да го извршува намазот во џемат, отколку да го извршува дома или на пазар, дваесет и повеќе пати. Тоа ќе го постигне кога ќе земе целосен абдест, а потоа ќе дојде во џамија само заради намаз. За секој чекор што ќе го направи ќе биде воздигнат за еден степен и ќе му се прости еден грев, сè додека не влезе во џамијата. Кога ќе влезе во џамијата и ќе почне да клања, сè додека намазот го држи таму на местото каде што клања, за тоа време мелеците ќе се молат за него со следни зборови: ,Аллаху, смилувај Му се, Аллаху, прости му, Аллаху, прими му го покајанието‘. Така ќе се молат за него сè додека не вознемири некого или додека не го изгуби абдестот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
,Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ќе речеше: ,Семиаллаху-лимен хамидех,‘ никој од нас не го наведнуваше грбот сè додека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, најпрво не паднеше на сеџда, па потоа и ние одевме на сеџда по него.'“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога го изговараше почетниот текбир во намазот, замолкнуваше за кратко пред да почне со рецитирањето. Тогаш го прашав: ,О, Божји пратенику, за тебе би ги жртвувал и мајката и таткото, што изговараш за време на молчењето помеѓу почетниот текбир и рецитирањето?‘ Тој одговори: ,Изговарам: АЛЛАХУММЕ БА‘ИД БЕЈНИ ВЕ БЕЈНЕ ХАТАЈАЈЕ КЕМА БА'АДТЕ БЕЈНЕЛ-МЕШРИКИ ВЕЛ-МАГРИБИ, АЛЛАХУММЕ, НЕККИНИ МИН ХАТАЈАЈЕ КЕМА ЈУНЕККА ЕС-СЕВБУЛ-ЕБЈЕДУ МИНЕД-ДЕНЕС, АЛЛАХУММЕ-ГСИЛНИ МИН ХАТАЈАЈЕ БИЛ-МАИ ВЕС-СЕЛЏИ ВЕЛ-БЕРД (Аллаху мој, оддалечи ме од моите гревови како што ги оддалечи истокот и западот, Аллаху мој прочисти ме од гревовите како што се чисти белата облека од нечистотиите, Аллаху мој измиј ги моите гревови со вода, снег и мраз.)‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„О, Билал, кажи ми за делото што најмногу ти влева надеж во исламот, затоа што го слушнав звукот на твоите чекори пред мене во Џенетот.“ Билал рекол: „Не сум направил дело што повеќе ми влева надеж, освен тоа што секогаш кога ќе земев абдест во кое било време – дење или ноќе – клањав со тој абдест онолку нафиле колку што ми беше одредено.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Бањањето во петок, миењето на забите со мисвак и ставањето парфем, доколку го има, е должност на секој полнолетен.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Зарем никој од вас не се плаши кога ќе ја крене главата пред имамот, Аллах да не ја претвори неговата во глава на магаре или да го направи неговиот изглед во изглед на магаре?!“
Автентичен Муттефекун алејхи
Беше спомнат човек пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој преспал цела ноќ сè до разденување. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Тоа е човек во чие уво шејтанот се измокрил,“ или рече: „во неговите уши.“
Автентичен Муттефекун алејхи
,О луѓе, ширете го селамот, нахранете ги гладните, одржувајте ги роднинските врски и клањајте ноќе додека луѓето спијат – ќе влезете во Џенетот со мир.‘“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед